Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:23

ФИЛМСКИ РОБОТ ВО СЛУЖБА НА ЈУЖНОКОРЕЈСКАТА ВОЈСКА

Трансформери ќе ги чуваат границите на Јужна Кореја

ЈУЖНА КОРЕЈА - Виталиј Булгаров, дизајнер на роботот Метод 2, кој често соработува со авторите на холивудските филмови, како што се "Трансформери" и "Аватар", неодамна креираше роботско чудовиште од 1,5 тони, во соработка со јужнокорејската компанија "Ханкук мира технолоџи".

Во реализирањето на проектот учествуваа 30-мина инженери, кои тврдат дека роботот на две нозе ќе им помага на луѓето во опасните зони. Неофицијално, тие опасни зони првенствено се границите на Јужна Кореја, особено онаа кон нејзиниот северен сосед.
Директорот на компанијата Јанг Џин Хо вели дека во проектот "Метод 2" од 2014 година се вложени околу 190.000 евра, ама дека заинтересираните ќе мораат да почекаат уште малку пред тој да биде пуштен во продажба.
Роботот, кој ќе чини 7,9 милиони долари, е поврзан со струјни кабли и е прицврстен за челична конструкција. Ако сè се одвива според планот, тој ќе биде пуштен во продажба до крајот на 2017 година, а уште сега има заинтересирани купувачи од областа на градежништвото, индустријата и на шоу-бизнисот.


Текстот е прочитан 743 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter