Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.07.2015, 13:26

УБАВИ ПРОСТОРИ

Палата во чаршија

Однадвор, новиот скопски лонџ бар "Аустриан палас" е ист како и другите дуќани изградени пред повеќе од еден век во Старата чаршија.

Има приземје во кое се влегува преку сокакот поплочан со калдрма, кат од кој се излегува на тераса со отворен шанк која е веднаш под Калето, потпокрив наменет за канцеларија и подрум со кујна и помошни простории. Локалот е поврзан со контекстот и преку патеката што се наоѓа зад стоковната куќа "Мост" и го анимира овој простор кој со децении стои заборавен од сите.
Однатре, ентериерот со големина од околу 200 квадратни метри е еден од најуспешните примери за ревитализација на просторот што воопшто се направени во Македонија. Го проектирал архитектот Ерден Хасанаговски од студиото "Досие арт".



Тој ги соголил слоевите на времето на ѕидовите на поранешната продавница за текстил и ги оставил видливи старите тули на приземјето, а на катот тулите ги врамил како слики кои ја разигруваат двојната височина на просторот. Подот го обложил со патинирани штици, плафонот на приземјето - со ламперија, а плафонот на катот го обоил во бела боја и го украсил со големи насликани билки и дрвени греди. Недостатоците на издолжениот простор широк 6 м, ги ублажил со хоризонтални ленти во крем и зелена боја на ѕидовите на катот, како и со видливи темнозелени инсталациони цевки кои ја следат линијата на подолжните ѕидови. За седење предвидел честерфилд гарнитури со тапацир од темнозелена еко кожа, барски столови поставени покрај високи маси, столови со винтиџ дизајн и дрвени клупи.



Декорацијата на оваа палата во Скопската чаршија, чие име "Аустриан палас" го избрале Иса Камбери и Аднан Камбери, внуци на сопственикот Мухамед Љамалари според името на хотелот во Австрија во кој работеле, се состои од мали врамени фотографии со куќата на Моцарт, мотиви од Тирол и панорами од стари австриски градови. За украс во просторот осветлен со голи сијалици служи и ѕиден асамблаж составен од златен велосипед, хармоника, тапани, гитара и други музички инструменти, црно-бели фотографии на бендови и стар грамофон со плочи.

(Н.Н.)
Фото: Б. Бериша


Текстот е прочитан 8366 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter