Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 14:47

Елена Ристеска гостинка на Хари Мата Хари во Белград

Елена Ристеска ќе му биде специјална гостинка на Хари Мата Хари на концертот во Белград, кој ќе се одржи на Осми март, во "Сава центар".

Македонската поп-ѕвезда во дует со босанскиот пејач и композитор ја пее песната "Још ме плашиш". На белградскиот концерт на Денот на жената, посветен на дамите, Елена и Хари премиерно ќе ја испеат песната во живо. Гостинка ќе биде и српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ, која, исто така, има снимено дует со Хари.
Спотот за "Још ме плашиш" почна да се снима минатото лето во Скопје, а се доврши минатиот месец во Белград. Наскоро се очекува негова промоција.
"Десет години чекав да снимам дует со Елена", изјави Хари за "Вест", лани на снимањето на спотот во Скопје.
Двајцата пејачи се познаваат од Евросонг во 2006 година, во Атина, кога Елена за Македонија ја пееше "Нинанајна", а Хари за Босна и Херцеговина - "Лејла".


Текстот е прочитан 2062 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter