Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.01.2017, 06:16

ГРУЕВСКИ ЗА "РЕПУБЛИКА"

Унитарниот карактер на државата никому не му штети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервјуто за неделникот "Република" нагласува дека федерациите и кантоните на Балканот и во Источна Европа немале голем успех, и обично тие делови од историјата завршувале со многу насилство.

Она што го посакуваме е Македонија да има унитарност и територијален интегритет како Естонија и Летонија, вели тој и додава: "ВМРО не е против Албанците туку во правец на зачувување на целовитоста и унитарноста на државата. И секој Албанец што сака да живее во оваа земја, а не во друга, треба да знае дека ние сме на негова страна, а не против него".
Тој се осврнува и на предизборната кампања на СДСМ, за што вели "понудата" нема да им го подобри животот, но звучи примамливо, особено кога некој друг вели не. "Албанците во Македонија се околу 25 отсто, Македонците околу 65 отсто. 25 и 65 не е ни исто ни приближно. За да имате двојазичност на целата територија, потребно е процентите да се изедначени или приближни, што не е случај. Второ, потребно е населението да е измешано низ целата земја и низ сите поголеми градови и села што, исто така, не е случај. Што корист ќе има Албанец ако во Делчево, Гевгелија, Струмица или во Кавадарци има двојазичност. Таму каде што им е потребна и корисна двојазичноста, таму ја имаат. И така треба. Тоа е правилен концепт. Ако во тој концепт нешто недостига, тоа може да се дебатира или да се подобри", истакнува Груевски.
За споредбите со Швајцарија или Белгија со сличен модел во Македонија, Груевски вели: "Има огромна разлика меѓу нив и нас. Прво, ние живееме во турбулентен регион, со многу радикални структури и многу конфликти во историјата. Со дел од соседи кои, како и низ историјата, сe уште на Македонија или на дел од неа гледаат како на можен плен во иднина. Не е случајно што македонското прашање сe уште не е затворено. Кантонот е држава во држава, која има право на самоопределување до отцепување. А ова е Балкан".
За идеологијата на Сорос дека ние сме националисти, Груевски вели: "Не е националист тој што си ја сака државата и е внимателен да не се распадне", а за разликите за сфаќање на патриотизмот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели "една од активностите на Соросовите невладини организации е врбување на поспособните млади луѓе низ универзитетите, од сите етнички и религиски припадности, и нивна класична индоктринација, а во правец дека не треба да се чувствуваат Македонци туку граѓани на светот, утопистичка идеја која никаде не функционира, а ние треба да сме експеримент и да ја загубиме државата со таков однос кон неа".
Во една смисла, вели Груевски во мегаинтервјуто за "Република", "тоа што сакаат да ни наметнат дека сме националисти и делумно успешно го направија тоа, во голема мера ме потсетува на она што му се случуваше на новиот американски претседател Доналд Трамп. Деновиве ја читав неговата книга, свежо ми е, и затоа ќе повлечам една паралела. Низ кампањата во Америка, и таму и кај нас, многу медиуми пренесуваа дека Трамп е против Мексиканците, дека Трамп е против Американците од Јужна и од Средна Америка што говорат шпански, оти е против имигрантите, против Црнците, итн. Не секој има време и можности детално да чита и анализира, претпоставувам многу неинформирани гласачи гласаа против него, верувајќи дека навистина го кажал тоа. Читајќи ја внимателно книгата 'Повторно величествена', се уверив дека Трамп не говори така, а медиумите ги вадат и превртуваат наводите тотално надвор од контекстот".


Текстот е прочитан 947 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter