Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.01.2017, 13:33

Куќи на славните што никој не сака да ги купи

САД - Кога некоја славна личност ќе понуди на продажба куќа или стан во кои живееле, не мора да значи дека имотот веднаш ќе се продаде и тоа по бараната цена.

Според веб-страницата "Риалтор", типична американска семејна куќа стоела на пазар во просек 67 дена во 2016 година, а куќите и становите на славните личности по 132 дена.
Зошто овие недвижнини се тешки за продавање? Една од причините е што обично станува збор за навистина луксузни куќи и станови, што и онака тешко се продаваат. На пример, поранешниот дом на Бритни Спирс во елитната населба Таузанд Оукс во Калифорнија, понуден е на продажба веќе девет месеци по цена од 9,23 милиони долари. Имотот се нуди како современ дом во стил на шпанска хациенда изграден во 2010 година, со куќа со пет спални соби, поделена во престој за возрасни и за деца, ограден со ѕид.
Куќата на Томи Ли беше понудена на продажба пред осум месеци по цена од 6,14 милиони долари.



Приватниот имот на тапанарот на "Мотли кру" е сосема соодветен за рок-ѕвезда: содржи музичко студио што зафаќа две третини од подземната гаража. Куќата има пет спални соби, шест бањи и скоро сите соби излегуваат кон пространиот двор. Имотот е уреден во панк-глам стил.
Џејсон Деруло има куќа во Коконат Крик, Флорида што ја продава веќе 18 месеци и може да биде ваша ако имате 3,35 милиони долари. Главната куќа е со површина од 1.207 квадратни метри, а има и гостинска куќа, базен со водопад, седум спални соби, канцеларија и соба за игри. Деруло ја претвори гостинската куќа во студио за снимање.
Речиси една година се продава и куќата на Алиша Киз што се простира на 2.323 квадратни метри во Њу Џерси. За имотот таа бара 15,2 милиони долари, а нуди куќа со осум спални соби и 14 бањи, како и земјиште од 2,2 хектари. Киз и нејзиниот сопруг го купија имотот од Еди Марфи во 2013 година и го реновираа, додавајќи киносала, покриен базен, кугларница и професионално музичко студио.


Текстот е прочитан 1756 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter