Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.11.2015, 13:57

АВИОНИ

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ОД ЕКСПЕРТ ЗА БОНТОН

Како со деца во авион

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Телеграф) - Летањето со деца никогаш не е лесна работа. Децата не се доволно свесни за општествениот живот, премногу се возбудени и многу нетрпеливи.

Едноставно кажано, тие не се соодветни за да бидат сместени во мал, затворен простор и да бидат опкружени со странци кои осудуваат.
Едно семејството се качи во авионот. Секој од родителите носеше по едно од момчињата близнаци.
Имаше две седишта за нив четворица, а крајните седишта беа зафатени.
Додека полетуваше авионот, преморените близнаци, кои не се чувствуваа удобно и кои беа блиску до возраста кога мораат да седат сами на седиште, не можеа да се смират.
И покрај тоа што нивните родители навистина се обидуваа да ги смират, тие сепак ги вознемируваа останатите патници речиси во текот на целиот лет.
Кога ќе се смиреше едното дете, другото стануваше немирно и се задеваше. Ако едното момче сакаше да се напие, да јаде нешто или да се движи низ авионот, и другото го сакаше истото.
Она кое беше со мајката, одеднаш сакаше да биде со таткото и обратно.
Кога почнаа да плачат и да бидат лошо расположени, родителите се обидуваа да се воздржат, да ги смират близнаците и емотивното однесување во рамките на двете седишта на преполниот ноќен лет.
Децата се непредвидливи, имаат напорно однесување.
Размислувањето однапред, планирањето и контролирањето на она што е возможно се начин за намалување на стресот кај вас како и кај сопатниците.
Џо Брајант е консултантка за бонтон, авторка и издавач.
Таа е мајка на 4-годишен син и 8-месечна ќерка.
Како експерт за оваа тема, еве ги нејзините совети:

1. Семејства: качете се последни
Игнорирајте ги советите на авиокомпанијата и избегнете ја редицата за да влезете први во авионот.
Тоа што ќе го покажете билетот за качување први често резултира со деца во авионот на кои им е здодевно уште пред полетувањето.
Дозволете им на децата да поминат подолго време надвор од авионот каде имаат повеќе простор да се движат. Едноставно чувајте ја количката за деца додека стигнете до вратата од авионот за да има каде да ги сместите децата во случај летот да биде одложен.

2. Земете нешто за забава
Семејствата кои се најподносливи за време на летовите се оние кои доаѓаат подготвени.
Тие се наоружани со слатки, грицки, интересн активности, Ајпади со полни батерии и доволно нови бесшумни мали играчки.
Тие се подготвени за секакви ситуации и порачуваат детски оброци, онаму каде што може.
Тие знаат дека тоа ќе бидат неколку исцрпувачки часа и ќе мораат да работат во смени за едниот од нив да може да се одмори.



3. Бидете тивки! Навистина. И ти мамо.
Патниците кои ги вознемируваат останатите се напаст за секој лет. Овде спаѓаат драматично нервозните патници, оние кои постојано притискаат на копчето за услуга и оние кои го посетуваат тоалетот премногу често.
Исто ова важи и за семејствата.
Тие не треба да имаат привилегија да бидат премногу гласни, непотребно да се движат и да вознемируваат или постојано да бараат внимание само затоа што патуваат со деца.
Запомнете, никој не ги сака вашите деца колку што ги сакате вие, без оглед на тоа колку се слатки.

4. Потпирачите на седиштата се опасна зона
Покрај тоа што треба постојано да ги занимаваат, неопходно е родителите да внимаваат на децата во секој момент.
Еднаш јас седев пред едно дете кое изгледаше дека е совршено добро воспитано, освен тоа што ме влечеше за коса кога не гледаа неговите родители.
Очигледно непожлни се оние кои удираат во седиштето, но исто така напорни се и оние кои го користат седиштето пред себе како место за потпирање додека стојат (иако ова не се однесува само на децата).
Слушалките за деца секогаш треба да бидат наместени на соодветно ниво за да не слушаат и останатите патници.

5. Стјуардесите не се синоним за дадилки
Членовите на екипажот се таму за да ви помогнат, но тие имаат работа. Тие не се присутни за да ви помагаат во разрешувањето комплицирани ситуации со вашите деца и за да се грижат за нив.

6. Вашата улога како патник кој не патува со деца
Сопатниците треба да бидат трпеливи со оние кои навистина се трудат.
Треба да ги разберете родителите кои се обидуваат да ги смират децата и кои се справуваат со секоа ситуација.
Немојте да велите "Нели имаат слушнато за сируп за смирување?". Колку за информација, тоа не функционира на тој начин.
Речете: "Навистина се трудите" на родителите и децата кои вложуваат напор. Не е лесно.
Родителот ќе се почувствува смирен доколку види љубезна насмевка или знак на одобрување на висина од 9144 метри.
Добрите соседи знаат да разберат, трпеливи се и не осудуваат.
Во ектремни ситуации, понудете промена на седиштето. Би сакал да можев, тоа ќе направеше голема разлика за сите за време на 11 часа летање над Тихиот Океан.

И за сите...

Обидете се да спречите ситуацијата да стане критична, но ако се тргне наопаку сепак останете смирени.
Затворениот простор може да предизвика паника дури и кај најсмирените луѓе.
Запомнете: се работи само за неколку часа и мала е веројатноста дека повторно ќе ги видите сопатниците.
Сепак доколку сакате да ризикувате, прочитајте го Водичот за летање со деца на Бен Хеч.


Текстот е прочитан 2998 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter