Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.05.2016, 23:43

Гламур

ГАЛА-ВЕЧЕРА И АУКЦИЈА СО ЅВЕЗДИ ВО КАН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА

Со деколте собрани милиони долари

ФРАНЦИЈА (АП) - Кевин Спејси го спомена Доналд Трамп за време на хуманитарниот настан за борба против болеста сида кога рече дека тој би уживал во место со толку многу казина.

Спејси ја водеше церемонијата на хуманитарната вечер "Кинематографијата против сидата", која ја организираше "амфАР", завчера, во близина на Кан. Освен што се пошегува со претседателскиот кандидат и бизнисмен Трамп во врска со неговата историја во казината во Атлантик Сити, Спејси ги имитираше и поранешниот претседател Бил Клинтон и покојниот актер Џек Лемон. За време на вечерата организирана во стилот на 70-тите, со дискотопки, можеа да се слушнат хитовите како "Ние сме семејство" на "Систер Слеџ" и песни од "Вилиџ пипл" и од Кети Пери. На настанот беа присутни голем број познати личности, кои учествуваа во наддавањето за различни предмети и настани, како викенд на јахта (16.000 долари), еднонеделен престој во домот на Леонардо ди Каприо во Палм Спрингс, Калифорнија (336.000 долари) и улога во политичката драма "Куќа од карти" на Кевин Спејси (560.000 долари). Мила Јовович, Едриен Броди, Крис Такер, Кирстен Данст, Жулиет Бинош, Ванеса Паради и Каролина Куркова беа меѓу присутните на овој настан, кој се одржа во ексклузивниот хотел "Кап-еден-рок" во близина на Кан.
"Спојувањето на гламурот и на хуманоста е потешко отколку што изгледа", забележа Хелен Мирен. "Тоа секогаш е малку непријатна мешавина. Но, се собираат многу пари за многу важна цел. Сидата сè уште е многу застапена болест, ги уништува општествата низ целиот свет, а овој хуманитарен настан ќе помогне во тоа да ја направиме минато", изјави оскаровката завчера, на црвениот килим.
Според податоците на "амфАР", на гала-вечерите "Кинематографијата против сидата" досега се собрани повеќе од 170 милиони долари за програмите за истражување.


Текстот е прочитан 1411 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter