Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.01.2014, 10:35

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Почитувани „Вест“,

Вашиот серијал од емотивни сведоштва на родители чии деца се дијагнозирани со аутизам е навистина за пофалба. Серијалот разбива стереотипи, облагородува и на најдобар начин покажува како медиумите можат да бидат ем аполитични ем социјално ангажирани. Решив и јас да се надоврзам на темава, најмногу затоа што секое од сведоштвата досега ја споменува вакцината како каписла која ја започнала голготата на семејството. Колку само би сакал ова да е вистина.

Науката одамна расчисти со ова прашање и заклучи дека вакцините не предизвикуваат аутизам, меѓутоа во јавноста останува дилемата и недовербата. Подолу е детален осврт на причините и последиците од контроверзата околу вакцините и аутизмот. Се надевам дека мојот текст ќе помогне за правилно информирање на јавноста и ќе резултира со оградување на Вест од сведоштвата за поврзаност меѓу вакцините и аутизмот:

http://qantarot.blogspot.ca/2013/12/blog-post_13.html

Во продолжение, со дозвола на авторот и без суштинска измена на содржината, го пренесуваме целиот текст.

За аутизмот, вакцините и „Вест“

Девниот весник Вест е за голема пофалба затоа што реши да ја подигне свеста за аутизмот и да фрли светло врз фамилиите кои живеат со аутизам. Преку серијал од емотивни сведоштва на родители чии деца се дијагнозирани со аутизам, Вест разбива стереотипи, облагородува и на најдобар начин покажува како медиумите можат да бидат ем аполитични ем социјално ангажирани. 

Решив и јас да се надоврзам на темава, најмногу затоа што секое од сведоштвата досега ја споменува вакцината како каписла која ја започнала голготата на семејството.  Колку само би сакал вистината да е толку едноставна.

Тоа би значело дека решението е буквално на дофат, и дека милиони деца и родители би можеле да го избегнат аутизмот со една едноставна (не)интервенција.  За жал, науката категорично ја има демантирано оваа теорија.  Последниот клинец во ковчегот на теоријата е повлекувањето на трудот што прв ја предложи врската помеѓу вакцините и аутизмот во влијателното научно списание The Lancet.  Се докажа дека авторот на трудот Andrew Wakefield имал конфликт на интереси, дека ги манипулирал податоците, и дека ги прекршил правилата на медицинската етика.  Зошто тогаш ова тврдење не беше сосечено во корен, туку се дозволи лавина на медиумски написи кои создадоа паника кај популацијата?  Зошто сеуште разговараме дали има или нема врска меѓу вакцините и аутизмот?  Има неколку причини за ова.  

Првата е затоа што науката е бавна.  Секоја студија за да биде прифатена мора да биде повторена (реплицирана) неколку пати, и потребни се години за да се изгради консензус околу одредено научно прашање.  За да се побие една сензационалистичка теорија за врската меѓу вакцините и аутизмот, потребни се милиони долари, илјадници часови повторување на истите експерименти и макотрпна дебата помеѓу двата научни кампа, оние за и оние против теоријата.  Во меѓувреме медиумите веќе истрчале стотици кругови околу темата, влијателни личности како Jenny McCarthy допреле до милиони фамилии, и штетата е веќе направена.  Отрезнувачки е што вистината сепак најмногу му ја должиме на истражувачкото новинарство и на седумгодишните напори на новинарот на The Sunday Times, Brian Deer, кој успеа да го дискредитира Wakefield и да издејствува повлекување на спорниот научен труд.

Втората причина за полемиката е тоа што отсуство на нешто е многу тешко научно да се докаже.  Науката може да направи илјада експерименти и да тврди дека досега не е забележана врска меѓу вакцини и аутизам, но тоа не значи дека 1001-от експеримент нема да го заклучи спротивното.  И тоа не мора дури ниту да биде резултат на нечесни научници.  Од илјадници експерименти можно е да се добијат (еден или неколку) случајни резултати, а тие да бидат само статистичка грешка.  Нешто како кога комплетно случајно пет фрлања на паричка по ред испаѓаат 'глава', па погрешно заклучуваме дека паричката нема две лица.   Инстинктот на медиумите е ова да го пријават како откритие на нов тип на паричка.  Инстинктот на научникот е да продолжи да ја фрла паричката за да види дали повторно ќе добие пет по ред.

Третата причина е тоа што дефинитивно постои врска (корелација) помеѓу периодот на вакцинирање и почетокот на симптомите на аутизмот.  Но корелација не секогаш значи и причинско-последична поврзаност (каузалност).  На пример, постои и силна корелација помеѓу проодувањето и ракот.  Луѓе кои прооделе имаат поголема веројатност да заболат од рак отколку бебиња.  Но тоа не значи дека проодувањето е одговорно за појава на рак.  Едноставно, возраста е клучен фактор во тоа кога ќе почнат да се манифестираат симптомите.  Слична е и врската меѓу вакцините и аутизмот.  Од раѓање до 3 години децата примаат многу вакцини, а ова е истата возраст на која се јавуваат и првите симптоми на аутизам.  Затоа многу е веројатно првите симптоми на аутизам да се погодат блиску до администрацијата на некоја вакцина, па родителите да поверуваат дека вакцината го предизвикала аутизмот.

Четвртата е затоа што популацијата засегната од овие сувопарни научни дебати и статистички аргументи е многу ранлива.  Родителите се во принцип ранлива категорија.  Секој родител го сака најдоброто за своите деца и ќе го послуша секој совет што делува дека доаѓа од веродостоен извор.  Родителите на деца со аутизам се уште поранливи.  Живеат во неизвесност, плаќаат многу пари за третмани со минимални ефекти, и потребна им е сламка сигурност, сидро од кое ќе почнат да го истражуваат теренот.  Вакцините нудат едно вакво сидро, заедничко искуство кое им дава надеж дека барем некои прашања поврзани со аутизмот имаат одговор.

За врската меѓу вакцините и аутизмот се пишувало многу во светските, но веројатно не доволно во македонските медиуми.  Решив да реагирам токму поради тоа што знам дека мотивацијата зад овие серијали на Вест не е сензационалистичка, туку едукативна.  Мораме да го запознаеме аутизмот за да можеме да се справиме со него.  Еден од чекорите во тоа запознавање е да ги дознаеме и неговите причини, но и да ги разбиеме заблудите околу истите.  Во тој контекст секоја дискусија е добредојдена.  Вакцините спасуваат многу животи, но тие се ефектни само ако речиси сите се вакцинираме.  Прескокнување на задолжителни вакцини ја прави целата популација поподложна на разорувачки болести како сипаници и детска парализа, кои сеуште имаат потенцијал да одземат или да хендикепираат милиони човечки животи.  Затоа не смееме да промовираме научно непотврдени теории против вакцинирањето.

Луѓето со аутизам се посебни.  На многу од нив им треба помош за да можат да функционираат во општеството, но тие исто така ја збогатуваат палетата на човечки таленти и ги демонстрираат екстремите на човечкиот мисловен процес и аналитична моќ.  Аутистични луѓе ја збогатувале нашата култура со години пред да постои дијагноза за аутизам.  Без да ги набројувам бројните придонеси на аутистични луѓе во општеството, ви препорачувам да го погледнете прекрасниот филм за Temple Grandin.  Затоа, да се фокусираме на подобра интеграција на фамилиите кои живеат со аутизам, а да ги оставиме научниците да развиваат вакцини и да го истражуваат аутизмот.  Нели би било иронично доколку за десетина години тие откријат нова вакцина, овој пат за аутизам?

Кантар МК


Текстот е прочитан 8953 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам
Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...
Аутизмот го менува семејството
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter