Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.10.2016, 14:25

АВИОНИ

ПО ПОТВРДАТА НА "САМСУНГ" ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА НЕГОВИОТ ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН

Летаат забрани за качување во авион со "галакси ноут 7"

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Би-Би-Си) - Се повеќе авиокомпании го забрануваат телефонот "самсунг галакси ноут 7" откако се проширија информации дека овој тип телефони експлодираат.

Авиокомпаниите во Австралија, Азија и Европа во текот на викендот ставија забрана за користење на овие телефони, откако САД ставија забрана уште претходната недела.
Авиопревозниците кои летаат до САД мораа да ги следат овие правила, но забраната се шири и во остатокот од светот.
Сега забрана за овој модел телефони воведоа и авиокомпаниите "Ер Берлин", "Драгонер" и "Вирџин Австралија".

Ни во багажот, ни во рака

"Забраната се однесува на носењето на овој вид телефони во делот на авионите каде што се патниците, за рачниот багаж на патниците, како и за делот каде е сместен останатиот багаж", соопштија авиокомпаниите "Кантас" и "Џетстар".
И "Вирџин Австралија" издаде слично соопштение, но додаде дека строго ги советува патниците да не носат телефон "ноут 7" на аеродромите.
"Ер Берлин" исто така воведе забрана што веднаш стапи во сила.
Германската авиокомпанија "Луфтханза" воведе ваква забрана за летовите кон САД, но наводно наскоро планира да ја прошири забраната и за другите линии.
"Смартфоните 'галакси ноут 7' од 16 октомври се забранети на нашите летови, а забраната важи за носење со себе, за рачниот багаж и за останатиот багаж", соопшти авиокомпанијата "Сингапур ерлајнс" на својата Фејсбук страница.



Повлечени 2.5 милиони "седмици"

Компанијата "Самсунг" во септември повлече околу 2,5 милиони телефони откако голем број корисници се пожалија дека експлодираат батериите на овој модел телефони.
Иако компанијата потоа инсистираше дека сите заменети телефони се во исправна состојба, имаше пријави дека и тие телефони експлодираат.
Компанијата потоа соопшти дека ќе престане да ги произведува телефоните "галакси ноут 7".

И Канада и Италија ригорозни

На листата авиокомпании кои што го забранија овој модел на паметен телефон на своите летови се и италијанската авиокомпанија "Алиталија" и канадските "Ер Канада", "Ер Канада руж" и "Ер Канада експрес".
Во соопштението на "Алиталија" се посочува дека забраната е наметната врз основа на аналогната забрана на Министерството за транспорт на САД, која има за цел да ги гарантира максималните безбедносни стандарди.
"Алиталија" веќе го имаше забрането ставањето на смартфоните "Галакси ноут 7" во багажот или во транспортните авиони, а сега веќе не е дозволено ниту како рачен багаж.
"Ер Канада", исто така, соопшти дека го забранува внесувањето на смартфонот во нејзините авиони поради ризикот од пожар, пренесоа канадските меидуми.
Во соопштението на најголемата компанија за воздушен транспорт во Канада се прециизра дека патниците нема да имаат правото да се качуваат во авионите на "Ер Канада", "Ер Канада руж" и "Ер Канада експрес" со "Галакси Ноут 7". Тие нема да имаат и право да го пренесат во нивниот рачен багаж.

Промена на летот и тужби

За да се избегнат потенцијални конфликти, како последица на забраната, компанијата создава политика која на патниците ќе им дозволи да земат друг лет.
Доколку не се потчинат на наредбата, патниците може да бидат парично казнети или против нив да се поднесе тужба.


Текстот е прочитан 1181 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter