Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.02.2017, 08:12

ТЕМАТСКИ КОНЦЕРТ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Филхармонија кани на "Париз, те сакам"

"Париз, те сакам"е насловен концертот на Македонската филхармонија на 14 февруари по повод Денот на вљубените.

Во Македонската опера и балет ќе бидат изведени популарни француски шансони кои ги испеале Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасен, Мишел Легранд.
Директорката на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ, на вчерашниот прес рече дека како вокалист ќе настапи популарната унгарска пејачка Миртил, диригент е Борјан Цанев, оркестрациите се на Емин Џијан, режијата е на Дејан Прошев, а поезија од францускиот поет Жак Превер ќе чита актерот Васил Зафирчев.
"Миртил е многу позната во Европа и во светот, многу е интересна како вокал и начинот на кој интерпретира. Мислам дека прекрасно ќе се вклопи заедно со оркестарот во интерпретација на француската музика", истакна Чанаќевиќ.
Џијан рече дека како оркестарот ја избрал Македонската филхармонија во целосен состав.
"Ќе има бенд, кој ќе биде составен од Благоја Перуновски на хармоника, Иван Бејков на бас, Зоран Костадиновски на гитара, јас во улога на пијанист и Мартин Вучиќ на тапани. Нe очекува убав концерт со убави мелодии", најави Џијан.

(К. Р.)


Текстот е прочитан 869 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter