Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 13:03

Почина уметникот што го нацрта Бамби

САД (Би-би-си) - Тајрус Вонг, илустраторот чии дела го инспирираа анимираниот филм "Бамби" на "Дизни", почина на 106 години.

Енергичните цртежи на Вонг, кинески имигрант, го заинтересирале Волт Дизни и станале основа за препознатливиот стил на филмот. Во соопштението од Музејот на семејството на Волт Дизни стои дека "нема доволно зборови да се опише неговото влијание врз уметничката композиција на анимираниот филм 'Бамби'".
Вонг починал дома, опкружен со семејството. Тој емигрирал во САД од Кина кога бил дете, заедно со татко си, а мајка му и сестра му останале и тој не ги видел никогаш повеќе. Откако студирал во уметничко училиште, почнал да работи за "Дизни" во 1938 година, во одделот за анимација.
Кога почнало студиото со претпродукција на "Бамби", тој нацртал неколку цртежи на срна во шума.
"Волт Дизни виде дека Тајрус е способен да наслика нешто што не личи на шума, туку ти дава чувство дека си во шума. Визијата на Волт за Бамби и стилот на Тајрус се влијателни и ден-денес", велат од Музејот.
Вонг работел за "Дизни" само уште три години, а потоа се префрлил во "Ворнер брадерс", каде што работел како концепт цртач, а паралелно цртал и картички за "Холмарк".


Текстот е прочитан 625 пати.
#
Мајка и ќерка загинале во различни сообраќајки во рок од 30 минути
Ујгурите ги измачија научниците со Пор Бажин
Цело богатство за една вечер на островот "Срце"
Топ 5 најморничави места на светот
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter