Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.04.2015, 10:40

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Писмо од родител на дете со аутизам

Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...

Нашиот сакан син Марко ни го промени животот,карактерот,а можеби и личниот опис.

Сега има веќе 11 години, со сериозни аутистични нарушувања е и покрај долгогодишното лекување, кое можеби ќе успее, а можеби и не. Тоа всушност важи за секој препарат кој сме го земале за подобрубање на неговата состојба (можеби ќе делува, можеби не). Долги години поминати во напнатост, страв дали ќе биде од него тоа треба да биде. Безброј бессони ноќи, бидејќи неговата несоница е и наша, неговото негодување е и наше. Освен нерешливата несоница (сме земале Рисет, Мелатонин и др.) цел спектар на симптоми кои го делат од еснафот. Тоа се отсуство или повторувачки говор, специфична комуникација, а сега веќе и новини во однесувањето кои уште повеќе ја отежнуваат состојбата.

За симптомите нема да говорам, бидејќи сега за жал мнозинството од луѓето ги слушнале од свои блиски (бројката на децата со аутистичен спектар на нарушување загрижувачки се зголемува), но секој случај е посебен на свој начин.

Нашиот Марко не посетува редовна образовна настава, затоа што за негова среќа или несреќа ние со сопругот одлучивме така. Значи претпоставувате дека Марко е тежок случај на Аутизам. Истовремено прекрасен, нежен и мил, истовремено безмилосен, вознемирувачки неприлагодлив при нарушувањето на неговите стереотипни опсесии. Истовремено изненадувачки паметен, истовремено изненадувачки неразбирлив. Ние сакаме тој да биде како нас, а неговата едноставна за него желба е ние да бидеме како него. Истовремено едноставен и комплициран, радосен и неутешен кога е тешко да реализираме негово неразумно за нас барање.

Јас како мајка се трудам да навлезам во неговата психа, бидејќи, искрено, многу малку надеж има во мене за негово извлекување од состојбата во која се наоѓа. Родител на аутист знае дека тотално негово излекување е речиси невозвожно. Засега. А и барањата од ДАН докторите за нивно излекување (извлекување од состојбата) се искрено многу   тешки за реализација: ригорозни диети за мало подобрување во однесувањето, „природни“ суплименти кои го заситуваат до степен да воопшто нема повеќе потреба за храна, работа и само работа (професионална со дефектолог и логопед или непрофесионална со родителите) за една проста реченица или еден напишан збор.

Тоа е тоа. Дисциплинирано придржување на тоа лекување е многу тешко, бара одрекување, темелност, истрајност и лаички речено многу јаки нерви. Да ни речат   прошетајте голи по Широк Сокак, па ќе ви оздрави детето. Се разбира неразумно е тоа, но таа е најадекватната компарација со возможноста за систематичноста на лекувањето на Аутизмот.

Вака беспомошен, барем за миг се осетил секој родител на Аутист. Да не говорам пак за финансиската страна, ќе звучам патетично, дури и финансиски помоќните родители сигурна сум дека некаде заглавиле во овој „маѓепсан круг“ .

Сепак не сакам да обесхрабрувам. Има некоја скриена убавина во сето ова. Мојот Марко е посебен, неприкосновен, слободен. За моја утеха нема да ги осети горчините на обичниот човек, кој животот го живее според правила и норми. Барем нема да ја има таа „рамка“.

Неговата боја е сината. Го сака морето, небото, глетката во бесконечност - си ја сака   слободата своја. Можеби токму и затоа сината боја е заштитен знак на овие деца...

Јасмина Стојановска од Битола

(Текстот и фотографијата се објавени со дозвола од родителите (авторот на текстот)).


Текстот е прочитан 19840 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам
Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Аутизмот го менува семејството
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter