Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.05.2014, 11:12

Миленици

Инфективен перитонитис кај мачките

Предизвикувачот на оваа болест е коронавирус. Повеќето видови на овој вирус се авирулентни, што значи дека не предизвикуваат болест.

Мачките инфицирани со мачешкиот корона вирус не покажуваат никакви симптоми во иницијалната фаза на инфекцијата. Кај мал процент од инфицираните мачки (5-10 проценти) се јавува мутација на вирусот или отстапување во имунолош киот одговор и инфекцијата прогресира со клиничка манифестација. Со помош на антителата што треба да ја штитат мачката, белите крвни зрнца се инфицираат со вирусот и потоа го транспортираат низ целиот организам. Кога ќе развие мачката клиничка слика на инфективен перитонит, независно од тоа дали е афектиран еден или повеќе системи, прогресира. Секоја мачка што е носител на корона вирус потенцијално е ризична за развој на оваа болест. Мачките со слаб имунитет, малите мачиња, мачките болни од други болести, како и старите мачки, се поизложени на оваа болест.



Мачките што се изложени на овој вирус обично не покажуваат карактеристични симптоми. Едни може да покажуваат благи симптоми на кивање, насолзени очи и назален исцедок, додека кај други се развиваат цревни симптоми, како блага дијареја. Само мал процент мачки изложени на овој вирус развиваат болест, а тоа може да се јави по неколку недели, месеци, па дури и години по изложеноста. Општо земено, кај мачките првин се јавуваат општи симптоми, како губење на апетитот, губење на тежината, депресија, грубо крзно и покачување на телесната температура. Болеста се развива во две форми: влажна и сува. Влажната форма е карактеристич на со акумулација на течности во абдоменот или, поретко, во белите дробови. Во почетокот на болеста, мачките можат да покажат симптоми на сува форма, која се карактеризира со анемија и со висока температура. За жал, не постои лек или ефикасен третман за оваа болест. Терапијата се состои со симптоматска поддршка на организмот.


Текстот е прочитан 3444 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter