Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:28

ДНК СО СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ ВО МЕТРОПОЛИС АРЕНА

Со Панчо и Андреј за 15 години кариера и промоција на албум

Панчо и Андреј од аренби двоецот ДНК на 12 мај ќе одржат голем славенички концерт во "Метрополис" арената.

Овој концерт е славенички, затоа што ќе значи одбележување 15 години од нивното постоење на македонската музичка сцена, но воедно и концертна промоција на нивниот последен студиски материјал насловен "Уште еден ден".
Бидејки ДНК редовно соработуваат со многу од популарните изведувачи кај нас, затоа и ова концертно другарување ќе резултира со многу гостувања на атрактивни имиња како браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски..., кои се само дел од домашните имиња што ќе бидат на сцена заедно со нив.
За загревањето на атмосферата ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч, Фити Флоу и Нести. Панчо и Андреј покрај ова подготвуваат уште неколку изненадувања, а тоа значи дека на сцената ќе има уште неколку специјални гости.



На концертот, кој не случајно се одржува во "Метрополис" арената, во 2011 тие го одржаа својот прв солистички концерт. Овој пат ДНК во придружба на својот бенд во живо ќе отпеат теми од последниот албум, но и најголемите хитови од нивната 15-годишна кариера како "Срце", "Што сака нека биде", "Север и југ", "Она е од Шутка", "Авион", "Само таа знае како", "Најмила", "Стојам сам", "Полна месечина", "Навлечен на тебе" и други. ДНК се подготвени да го надминат рекордот кој го поставија пред 5 години, зашто на своја страна имаат два одлични поводи - прослава на новиот јубилеј 15 години постоење на ДНК и концертна промоција на новиот албум.
Вратите на "Метрополис" арената ќе бидат отворени од 20 часот, а стартот на концертот е закажан во 21 часот. Билетите за концертот во продажба ќе бидат пуштени од шести март и до 24 април ќе чинат 200 денари, за фан питот 300, а за ВИП-делот 400 денари. Од 25 април влезниците ќе се продаваат по цена од 300 денари, за фан питот 400, а за ВИП-делот 500 денари.
Концертот е во организација на ДНК и "Горила" продукција.


Текстот е прочитан 432 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter