Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:33

ОДЛИЧЕН ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЦЕТИНСКИ И НА ГЕОРГИЕВ

Тони во чест на легендите, Владо со бакнеж за девојките

Скопската публика завчера, во салата "Борис Трајковски", доби два концерта во еден. Хрватскиот пејач Тони Цетински и црногорскиот Владо Георгиев ја задржаа публиката речиси пет часа на нозе.

Концертот го отвори Цетински, кој го покажа она што најдобро го знае, а кај публиката само го потврди: дека е одличен вокал и оригинален забавувач. Освен во своите хитови "Опет си побједила", "Благо оном ко те има", "Кад жена заволи", одлично се покажа и во познатата италијанска песна "Карузо". Тони изглуми дует со татко си Мирко Цетински, познат пејач од шеесеттите години и ја воодушеви публиката со својот висок тенор, пеејќи во оперски манир. На крајот од концертот, Цетински им оддаде почит на сите починати уметници од регионот и од светот. Слики на познати пејачи и актери се вртеа на видеобимот додека тој ја пееше "23 просинац", песна што ја напишал за своја девојка која починала пред многу години, токму на 23 декември. Се потсетивме на: Џорџ Мајкл, Дејвид Боуви, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Дино Дворник, Борис Дворник, Дражен Петровиќ, Миодраг Петровиќ-Чкаља, Павле Вујисиќ. Меѓу првите на екранот се појави слика од Есма Реџепова, а на крајот, слика од Тоше Проески.



Додека Тони привршуваше со настапот, Владо Георгиев го чекаа овожавателки зад сцената, подготвени за фотографија и за автограм.
Од почетокот на настапот на Владо до крајот владееше романтична , но и еуфорична атмосфера. Расположен и опуштен, Георгиев комуницираше со публиката со првите редови, се бакнуваше со обожавателките и на шега рече дека се надева дека неговата жена нема да ги види. Георгиев докажа дека е вистински концерт мајстор, но и дека има одлична меморија.
Ја препозна својата најверна обожавателка од Куманово, која го следи на сите концерти, и $ го подари своето палто. Специјален гостин беше неговиот другар, црногорскиот рапер Нигор, и направија заедничко шоу на хитот "Тропски бар". Црногорскиот шармер го одржа ритамот на вресоците речиси до два по полноќ со песните што не умираат: "Анѓеле", "Девојка за два минута", "Једина", "Ми нисмо ми".
Концертот го заврши како што го почна, на македонски јазик, велејќи им на фановите неколку пати: "Шо праите?"

М. Џаровска
Фото: Б. Грданоски



Охридската пастрмка ме помести од умот

Со Владо Георгиев се дружевме и зад сцената пред концертот.
"Толку сакам да доаѓам во Скопје и кога ќе дојдам, секој пат откривам нешто ново. Овој пат јадев совршена охридска пастрмка. На нас, морските луѓе, многу е тешко да ни погодиш рибен специјалитет, ама ова денес ме помести од умот", рече Владо и уште еднаш ни раскажа дека е вљубен во ќерка си Софија, која има 5 месеци.


Текстот е прочитан 3129 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter