Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.06.2016, 20:14

Гламур

НОВ ФИЛМ ЗА КРАЛОТ НА ЏУНГЛАТА

Александер Скарсгорд е модерниот Тарзан

САД (АП) - Тарзан е еден од класичните фиктивни ликови на Америка. Како и многу други познати приказни, и приказната на Едгар Рајс Бароуз беше создадена во едно навистина поинакво време, пред околу 100 години, кога приказните за колонијализмот, белите спасители и за африканските стереотипи беа норма за пишување.

Во изминатите години, Тарзан стана дел и од Холивуд, има 52 овластени филмови и седум телевизиски серии што ја раскажуваат приказната за него.
Филмот "Легендата за Тарзан" што треба да излезе утре, е првиот студиски обид со голем буџет да се пренесе овој лик во модерниот свет.
Како и со другите холивудски адаптации на омилените приказни, и креаторите на "Тарзан" се обидуваа на деликатен начин да го задржат и оригиналниот дух и, истовремено, да го поправат, па дури и да го отстранат проблематичното потекло.
Нивниот пристап беше да ја претстават приказната со историска перспектива и потоа да ја претворат во авантура соодветна на современата генерација суперхерои.
Корените на овој лик се толку длабоки, што веќе се архетипски.
"Едгар Рајс Бароуз навлезе во примитивниот мит за човештвото", рече Скот Трејси Грифин, авторот на книгата "Тарзан: прослава за стогодишнината".
"Тој е сирак во неволја, кој мора самиот да го најде патот до созревањето".
Александер Скарсгорд, кој ќе ја игра улогата на Тарзан, вели дека луѓето отсекогаш биле фасцинирани од својата подива страна.
"Во периодот кога била напишана книгата, начинот на кој луѓето во Западна Европа и во Америка гледале на домородното население бил прилично страшен. Општо мислење било дека тие се подреден вид", вели Скарсгорд.
Овој филм го претставува Тарзан кога е веќе возрасен и венчан со Џејн (Маргот Роби), а живее во Англија како лорд Грејсток.
Кога ќе добие покана од кралот Леополд да го посети Конго и да ја види работата на Белгијците таму, Џорџ Вашингтон Вилијамс (Самјел Л. Џексон) е оној што го убедува да отиде и да дознае што навистина се случува со домородното население таму.
Воведувањето на Вилијамс, вистински историчар и ветеран од Граѓанската војна што ги разоткри аристократите во Конго, во митологијата за Тарзан му помогна на режисерот Дејвид Јејтс да ја основа приказната во историски контекст.
Џексон го гледа Тарзан како целосно природен карактер.
"Тој е дел од светот каде што е интегриран во општеството и го разбира своето место таму... тоа е приказна за некој што е свесен за животната средина и соодветно се однесува кон луѓето".
"Продуцентите успеаја да го издвојат она што се случува во општеството и да го вметнат Тарзан во сето тоа", вели Грифин.
"Легендата за Тарзан" дефинитивно е нешто ново и, најверојатно, најголемиот напор да се исправи она што е грешно, а, сепак, да се задржи суштината на Тарзан.


Текстот е прочитан 2004 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter