Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.01.2017, 14:30

НОВ ПРОЕКТ НА ФОЛК-ПЕЈАЧОТ ДАЛИБОР ЃОШИЌ

"Ајде сонце зајде" - стари песни со нови аранжмани

Фолк-пејачот Далибор Ѓошиќ сними спот за народната песна "Ајде сонце зајде", која е снимена со нов аранжман од Сашо Ливрински, а ја промовираше завчера вечерта во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје.

Покрај промоцијата на спотот, кој го изработи "Арт продукција", Далибор во живо, во нов аранжман, ја отпеа "Што имала к'смет Стамена", за што од присутните доби голем аплауз. Оваа песна нема да биде единствената песна што тој ќе ја отпее, бидејќи промоцијата воедно беше и најава за албум од познати народни песни со нови аранжмани.
- Планирам цел албум, но сè уште не се избрани сите песни. Прва песна, за која снимив спот е "Ајде сонце зајде", потоа "Што имала к'смет Стамена", за која наскоро ќе снимам спот и понатаму ќе ги одбираме и другите. Уживам во подготовката на овој проект, бидејќи нашите стари песни се непресушен извор на инспирација - вели Далибор.
На промоцијата присуствуваа многу негови колеги и музичари, кои му дадоа голема поддршка на Далибор за она што го прави заедно со Ливрински. (В.М.)


Фото: О. Теофиловски


Текстот е прочитан 1805 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter