Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.05.2015, 13:41

Миленици

Високите тонови штетни за мачките

Меѓународни научни студии утврдија дека некои високи тонови како што е шкрипење на алуминиумска фолија илу удирање со лажица од керамичка чинија, можат да предизвикаат еден вид на напад на епилепсија кај мачките, посебно кај постарите, а тој проблем можат да го имаат и луѓето.

Студијата ја спроведоа ветеринари-невролози од Велика Британија и САД на барање на хуманитарната организација Меѓународна нега на мачки (International Cat Care).
- Добивме неколку стотици пораки од целиот свет во кои се наведува дека сопствениците на мачки забележале дека мачките имаат напади кога ќе слушнат одредени звуци – се наведува во извештајот од истражувањето, објавено во списанието Journal of Feline Medicine and Surgery.
Сопствениците на мачки наведоа дека нивните ветеринари немаат никакви сознанија за тоа пореметување и често мислат дека силниот звук не може да предизвика грчеви кои траат и по неколку минути.


Фото АП

Научниците Марк Ловри и Лоран Гарози испитале 96 мачки и заклучиле дека високите тонови навистина можат да предизвикаат напади на рефлексна епилепсија. Тој вид на синдром можат да го имаат и луѓето.
Во текот на испитувањата, мачките најмногу реагирале на шкрипење на алуминиумска фолија, удирање со лажица по керамичка чинија, гужвање на хартија или пластични кеси, на звук на пишување на компјутер и ѕвецкање на клучеви или ковани пари, како и на зачукување на клинци. Некои мачки дури реагирале и на други звуци.
Научниците додале дека истражувањето ќе продолжи за да се открие генетичкото потекло на таа појава со цел да се утврди соодветна терапија. Како што велат научниците, ветеринарскиот лек против епилепсија кепра може да биде ефикасен.


Текстот е прочитан 2801 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter