Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.12.2016, 22:32

ХОРОСКОП 23.01.2017

ОВЕН
Денес ќе се чувствувате емотивно празни и дека никој не може да ве сфати. Во разговорите со блиските, обидете се да не бидете толку екстремни. Ако сакате опкружувањето да го цени вашето мислење, ќе мора малку да ги омекнете вашите ставови. Ако сте осамени, можно е ненадејно познанство со личност во огнен знак. Бидете внимателни и распрашајте се за личноста, затоа што некои сознанија можат да ве изненадат.

БИК
Доколку се занимавате со приватен бизнис, денес проверете ги документите. Сторете го тоа веднаш и поправете ги грешките, затоа што може да имате проблеми со инспекција. Ако барате работа на место кое е поврзано со забава, денес ќе имате шанса да се вработите. Доколку сте во врска или во брак, ситуацијата е стабилна. Единствен проблем е вашето често излегување од дома. На партнерот тоа не му се допаѓа, па ќе морате да најдете баланс.

БЛИЗНАЦИ
Имате големи планови за иднина и сметате дека е време да почнете да ги реализирате. Ситуацијата на работното место не оди во правец кој вам ви одговара, и затоа ќе се обидете да смените нешто. Доколку имате намера да ја смените работата, крајно време е да почнете да работите на остварување на таа желба. Партнерските односи ви се добри, и партнерот има разбирање за вашите проблеми на работа. Само внимавајте да не претерате со жалењето.

РАК
Денес ве очекува поголема сума пари, која ќе реши поголем дел од вашите проблеми. Ако се занимавате со приватен бизнис, можно е изненадување. Ќе добиете неочекувана понуда, која ќе ви отвори некои врати кои досега за вас биле затворени. Финансиската ситуација ви е добра, и денес ќе правите планови за вложување во домот. Ако сте студент, можно е да дојде до некој промени кои ќе ве изненадат.

ЛАВ
Денес ќе се соочите со еден проблем кој не сте го предизвикале, а сепак, ќе се чувствувате одговорни. Бидете внимателни и не опуштајте се во контактите со луѓето. Денес е можно да добиете глас од странство. Вие тоа одамна го чекате и веќе изгубивте верба дека ќе дојде. Денес ќе осетите голема промена во однесувањето на партнерот. Партнерските односи подолго време ви беа нарушени, и оваа промена навистина пријатно ќе ве изненади.

ДЕВИЦА
Ако работите во некоја фирма, можна е промена на претпоставените, што ќе биде многу поволно за вас. Конечно ќе дојдете во ситуација да се слушне вашиот глас. Доколку работите со недвижнини, ова е многу поволен период за вас. Трговијата добро ви оди, и треба да ја искористите шансата која ви се дава. Доколку сте слободни, денес е можно да излезете на средба со една личност што многу ви значи. Отсекогаш сте имале добро мислење за таа личност, но денес особено ќе ве импресионира.

ВАГА
Работата ви се натрупува, и тоа ве прави нервозни. Време е да почнете полека да се ослободувате од обврските, затоа што, на овој начин само одолжувате и непотребно си создавате нервози. Со партнерот тешко наоѓате заеднички јазик. Денес би требало да седнете на маса и да почнете да ги разрешувате проблемите, за да не дојде до поголеми недоразбирања. Бидете внимателни со здравјето.Тромавоста што ја чувствувате е резултат на зголемените килограми.

СКОРПИЈА
Расправиите кои ги имавте во изминатиот период на работното место, денес ќе бидат разрешени. Конечно, ќе однесете победа, и колегите ќе сфатат дека треба да ве остават на мира. Денес е можно да добиете помала сума пари. Тие, секако, нема да бидат доволни, но ќе морате да се задоволите со толку и да издржите до следниот прилив. Ако сте слободни, може да дојдете во искушение да влезете во тајна врска. Иако сето тоа што ви се нуди ви изгледа примамливо, сепак воздржете се.

СТРЕЛЕЦ
Претрупани сте со работа и не гледате излез од ситуацијата. Постои можност денес да добиете покана за семинар. Поканата би требало да ја прифатите затоа што ќе ви овозможи да ги проширите вашите знаења, што понатаму ќе ви донесе успех во кариерата. Доколку сте во сериозна врска, веќе подолго време се оптоварувате со однесувањето на партнерот. Тој е премногу обземен со работата, и поради тоа се чувствувате осамено.

ЈАРЕЦ
Во моментов многу работи ве мачат, и не знаете од каде да почнете со решавањето на проблемите. Можеби е најдобро да започнете со финансиската ситуација, затоа што на тој начин ќе се ослободите од зависноста од семејството. Ако сте невработени, денес ќе имате можност да конкурирате на работно место за кое сметате дека е над вашите можности. Не се откажувајте, ве очекува голем успех. Ако сте во брак, бидете внимателни. Партнерот е нервозен и може да предизвика караница.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете полни со енергија. Сакате да смените нешто во животот, и сметате дека е време да почнете да работите на тоа. Доколку имате сопствен бизнис, денес очекувајте повик од странска фирма. Овој повик ќе ви даде можност да ја унапредите работата. Денес би можеле некои работи да му ги препуштите на партнерот. Обидете се да не $ се спротивставувате на саканата личност. Таа има свое видување на работите, и време е да слушнете за што се работи.

РИБИ
Денешниот ден ќе помине во мирна атмосфера. Колегите на работното место како да се заспани и очекуваат нешто да се смени за да се размрдаат. Денес е можно да добиете помала сума пари. Се работи за дел од хонорар. Вториот дел од парите, очекувајте ги за неколку дена. Односите со партнерот се добри, и од вас зависи до кога ќе бидат такви. Тој се обидува да ви помогне, но има чувство дека вам неговите напори не ви значат.


Текстот е прочитан 34669 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter