Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.05.2016, 22:18

Авиони

ЛИЛИУМ - НОВ КОНЦЕПТ НА ЛЕТАЛО

Авион за по дома

ГЕРМАНИЈА (Си-Ен-Ен) - Замислете авион што може да се напојува од штекер, да полета од двор и со електрични мотори што се толку тивки што нема да им пречат на соседите.

Тоа е визијата зад "лилиум", ултралесниот електричен концептуален авион што тимот дизајнери од Германија се надева дека ќе го пушти во продажба до 2018 година.
Јајцевидниот авион со две седишта може да полета и да слета вертикално, како хеликоптер, што значи дека може да користи хелиодроми.
Потребна му е само рамна површина со зафатнина од 225 метри квадратни за да полета и да слета.
Проектот е уште во фаза на прототип, но инженерите велат дека може да достигне брзина од 400 километри на час, а има досег од 500 километри со едно полнење.

Летало за секој ден

"Лилиум" е стартап проект што го основаа четворица дипломци на Универзитетот на Минхен: Даниел Виганд, Патрик Натен, Себастијан Борн и Матијас Мајнер.
Компанијата функционира од бизнис инкубаторот на Европската вселенска агенција.
Виганд нагласува дека концептуалниот авион е практичен и еколошки.
"Целта ни е да направиме авион за секојдневна употреба. Дизајниравме авион на кој нема да му треба комплексна и скапа инфраструктура како аеродром. За да се намалат бучавата и загадувањето користиме електрични мотори за да може да се користи во урбани средини."
Компактната големина значи дека нема да мора да се вклопи во распоредите за полетување и слетување на аеродромите.
Акумулаторот може да се полни на приклучок од градската електрична мрежа.



Само за поволни временски услови

Авионот, покрај тоа што е во фаза на концептуално летало, има и други недостатоци.
Дизајниран е да лета само во поволни временски услови, преку ден, во чист авиосообраќај.
Затоа, заборавете на идејата да слетате пред ноќен клуб со авионот.
За почеток најсилна карактеристика му е способноста да полетува и слетува вертикално во мал простор.
Авионот спаѓа во категорија лесни летала што значи дека ќе ви биде потребна пилотска дозвола со најмалку 20 часа обука за летање за да управувате со него.

Колку чини?

Уште не се знае точната цена, но Европската вселенска агенција вели дека ќе биде поевтин за купување и одржување во споредба со летала со слична големина моментално достапни на пазарот.
Засега го има поминато тестот за концептуално летало со прототип во размер на тежина од 1:25.

Прототип

Прототипот во целосна големина без човечки екипаж се очекува да биде готов кон крајот на 2016 година.
"Долгорочно целта ни е да направиме летало што ќе може да си го дозволат и луѓе кои не се супербогати и што ќе го направи достапен приватниот авиотранспорт за повеќе луѓе", рече Виганд.


Текстот е прочитан 1086 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter