Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.07.2016, 14:07

Гламур

ПРВАТА ДАМА НА САД ВО АМЕРИКАНСКИ ДИЗАЈН НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ДЕМОКРАТИТЕ

Мишел Обама во Сиријано не е здодевна

Таа секогаш е непредвидлива и забавна во изборот на облека, а овој пат нејзиниот син фустан беше во согласност со нејзиниот модерен и кул пристап што го негува во последните осум години, велат модните експерти

САД (АП) - Мишел Обама, која не го прифати стилот со широки палта што го имаа толку многу први дами пред неа, се појави на Националната конвенција на демократите во син фустан, креација на дизајнерот Кристијан Сиријано. Таа секогаш е непредвидлива и забавна во изборот на облека, а овој пат нејзиниот избор беше во согласност со нејзиниот модерен и кул пристап што го негува во последните осум години.
"Здодевноста не е нејзин заштитен знак, а нејзините модни избори го отсликуваат нејзиниот сензибилитет", изјави Аврил Греам, главна уредничка за мода и убавина во списанието "Харперс базар".
Косата на првата дама беше пуштена, а фустанот беше со ракави. Накитот беше минималистички и носеше само сребрени обетки.
"На љубителите на модата ќе им недостига оваа прва дама", изјави Греам. "Мислам оти слободно можеме да кажеме дека Мишел Обама беше омилена во светот на модата. Таа го прослави талентот на младите дизајнери и ги потенцираше имињата на веќе познатите дизајнери со навистина самоуверен пристап во изборот на нејзината облека", изјави таа.
Сиријано (30), кој победи во четвртата сезона на шоуто "Проект писта" во 2008 година, оттогаш го развива својот бренд во Њујорк. Неговата креација за конвенцијата имаше високо поставен ремен и раб со набори што го олеснуваше движењето на првата дама. Првата креација на Сиријано за Мишел Обама беше наменета за многу потажна прилика, тој за неа креираше црн фустан за меморијалната служба за петтемина полицајци кои ги уби снајперистот во Далас, во почетокот на овој месец.
Госпоѓата Обама ги носи боите и печатените мотиви со голема самодоверба и прави комбинации од формите и силуетите. Таа носеше креации на голем број различни дизајнери, американски и европски. Меѓу нејзините омилени дизајнери се Џејсон Ву, Мајкл Корс, Нарцисо Родригез, Такун, Азедин Алаја, Софи Телет, Наеем Кан и Џунја Ватанабе.
"Таа уште од првите денови како прва дама ја освои елитата во модната индустрија", изјави Греам. "Но таа не е сноб кој ги следи брендовите, а исто така е и мудра во својот пристап кон убавината. Таа експериментираше со стилот на шминка и фризури", додаде Греам.
Изгледот на Обама е во контраст со белата креација на Роксанда Илинчиќ што ја носеше Меланија Трамп за време на Националната конвенција на републиканците. Ќе мораме да почекаме до ноември за да дознаеме дали Меланија Трамп или Бил Клинтон ќе го заземе местото на Мишел Обама во Белата куќа.


Текстот е прочитан 2116 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter