Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.04.2016, 13:21

Гламур

МЕЃУНАРОДНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ФОНОГРАФСКА ИНДУСТРИЈА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ ЗА СЛУШАНОСТА И ЗАРАБОТКАТА НА МУЗИЧАРИТЕ

Адел ги зголеми приходите од студиската музика

Британската поп-ѕвезда Адел го имаше најпродаваниот албум минатата година "25" , што помогна за првпат да се забележи раст во приходите на музичката индустрија откако започна дигиталната ера пред две децении

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (АП) - Адел го имаше најпродаваниот албум минатата година, што помогна за првпат да се забележи раст во приходите на музичката индустрија откако започна дигиталната ера пред две децении. Податоците што ги објави Меѓународната федерација за фонографска индустрија укажуваат на тоа дека албумот "25" на оваа британска пејачка е продаден во 17,4 милиони примероци, што е за пет пати повеќе во споредба со Ед Ширан и Тејлор Свифт, чии албуми "Х" и "1989" се продадени во 3,5 милиони примероци. Најпродаван сингл за 2015 година бил "Да те видам повторно" на Виз Калифа и Чарли Пут со 20,9 милиони продадени примероци.
Од Меѓународната федерација за фонографска индустрија соопштија дека глобалните приходи од студиската музика забележале раст од 3,2 отсто во периодот меѓу 2014 и 2015 година, во индустријата што беше погодена од дигиталната револуција во последните две децении. Извршната директорка на Меѓународната федерација за фонографска индустрија, Франсис Мур рече дека овие податоци ја отсликуваат индустријата што се приспособи на дигиталното време и излезе посилна и попаметна.
Продажбата на дигиталната музика што вклучува онлајн преслушување или преземање, изнесува 45 отсто од вкупниот износ во споредба со 39 отсто што припаѓаат на цедеата, плочите и другите физички производи. Кога зборуваме за онлајн активности, луѓето сè почесто музиката ја слушаат онлајн, а поретко ја преземаат. Приходите од онлајн преслушување се зголемија за 45 отсто во 2015 година, додека добивката од преземање се намали за 10,5 отсто.
И покрај растот во приходите, во извештајот стои дека се зголемува јазот меѓу количината на музиката што се слуша и средствата што им се враќаат на музичарите и продуцентите.
Од Меѓународната федерација за фонографска индустрија велат дека јазот се зголемува поради сè поголемата популарност на музиката што се слуша на каналите поддржани од рекламирање, како што е Јутјуб. Мур вели дека ова е најголемата пречка во растот на приходите за музичарите, продуцентите и сите што се вклучени во музичката индустрија. Од Јутјуб велат дека имаат дозвола и од големите и од независните компании и дека имаат дадено 3 милијарди долари во музичката индустрија, а износот значително се зголемува секоја година.


Текстот е прочитан 810 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter