Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.10.2016, 13:29

Македонија на најновата туристичка мобилна апликација на Гугл

Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции во Охрид, Скопје, Битола и во други градови, како и со ресторани и хотели низ државата

Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на „Гугл“ - Гугл трипс (Google Trips).
Станува збор за персонализиран водич за патување, кој им овозможува на туристите на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200. топ-градови во светот препорачани од Гугл.
Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола и други градови, како и со ресторани и хотели низ државата. Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Гугл – „Top Spots”, „Indoors”, „Farhter Away”, „Places A-Z”.



Мобилната апликација им нуди опција на посетителите да си ги испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции што помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја. Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Гугл ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности што можат да се прават во близина на местото каде што се наоѓа туристот.
„Гугл“ информира дека приватниот сектор има можност да биде дел од оваа апликација и да ја промовира својата понуда преку означување (мапирање) на својот производ на Гугл мапс (Google Maps).
Како што соопштија од „Гугл“, одлучиле да ја креираат оваа апликација по студија спроведена на Е-маркетер (Агенција за маркетинг-истражување во дигиталниот свет), која најави дека туристите с? повеќе користат мобилни телефони за да го испланираат своето патување.
Очекувањето е дека до крајот на годинава 50 отсто од интернет-резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019 овој процент ќе достигне 70.


Текстот е прочитан 900 пати.
#
E-matematika.mk за полесно совладување на математички вештини
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter