Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.08.2015, 13:45

АВИОНИ

НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА АПЕКС ЗА УДОБНОСТА НА ПАТНИЦИТЕ НА ЛЕТОВИТЕ

Направи си свој "дримлајнер"

САД - Најновото истражување на АПЕКС (Здружение за подобрување на квалитетот на услугата за авиопатници) е за можностите и предностите во поглед на персонализирање на најмодерниот "дримлајнер" на "Боинг" што ги разгореа фантазиите на авиокомпаниите и нивните дизајнери ширум светот.

"Дримлајнер" им овозможува на патниците поудобни услови за летање со подобрени контроли, помал притисок при промена на висина, програмирано осветлување, поголеми прозорци што може да се затемнуваат и попросторна кабина збогатена со поголем простор за багаж над главата.
Неколку авиокомпании почнаа да го користат моделот "787-9" во изминатата година и секоја од нив различно го доразубави овој разноврсен авион.
"Веќе воведовме две нови рути со '787-9' до Делхи и Дубаи од Торонто што ќе почнат да летаат есенва и планираме понатамошно збогатување на флотата со овие авиони за нашите меѓународни летови", рече Бенџамин Смит, претседарел на "Песинџер ерлајнс" за "Ер Канада".
"Сјамен ерлајнс" од Кина ја отвори првата интерконтинентална рута со "787 дримлајнер" со четири седишта од прва класа, 18 од бизнис класа и 214 во економска класа за летовите за и од Амстердам.
"Сјамен" ќе го комплетира својот "дримлајнер" со традиционални детали како нови сервиси за чај од кинески порцелан во прва и бизнис класа.
Со проширување на интернационалната мрежа кон Европа, Австралија и Америка авиокомпанијата планира да ја создаде т.н. "Свилена патека на небото".
"КЛМ" го искористи воведувањето на нејзиниот нов "787-9" за официјално лансирање на новата услуга безжичен Интернет за време на лет со "Панасоник".

Секое од седиштата во светска бизнис класа што може да се спуштат во хоризонтална положба е декорирано во различна нијанса за да се долови чувство на личен простор за секој патник и местата се просторни, со поголем простор за багаж, меки перници и нови луксузни кебиња за "топло и пријатно расположение".
Седиштата во економска класа се спуштаат за дополнителни 40 проценти и секој патник има штекер за напојување на личните електронски уреди.
"Бритиш ервејс" најави дека ќе ги пушти новите седишта за прва класа во новиот "787-9" на рутата за Делхи кон крајот на годинава, меѓутоа авиокомпанијата не открива кои карактеристики ќе ги имаат новите седишта.
"Бритиш ервејс" рече дека патниците ќе имаат можност да уживаат и да работат благодарение на новите карактеристики и функции на седиштата.
"Американ ерлајнс" го опреми својот нов "дримлајнер" со 28 седишта во бизнис класа, 48 екстра седишта и 150 стандардни седишта.
Декорот и понатаму е традиционален и карактеристичен за идентитетот на американскиот бренд, а додадени се систем за забава на "Панасоник" и бар за ужинка во премиум кабината.

"Исландер" го претвори ЛЕД осветлувањето во својот "дримлајнер" во вистинска забава за време на лет, споено со малку маркетинг. Програмираното осветлување нуди глетка на поларна светлина за да ги привлече патниците да ги искусат пределите со поларна светлина во Исланд.
"Вирџин Атлантик" исто така го направи попривлечно осветлувањето во кабината со избор на материјали во внатрешноста на авионот што доловуваат игра на светлината и рефлектираат разни шари, пејзажи и знаменитости.
Авиокомпанијата исто така го збогати својот "дримлајнер" со нов дизајн за легендарниот "Апер клас бар".
"Ол Нипон ервејс", една од првите авиокомпании што купија "дримлајнер", го украси својот "787-9" во стилот на "Војна на ѕвездите" како дел од новото партнерство со брендот.
"Етихад ервејс" ја лансираше најлуксузната патничка кабина во "дримлајнер" со целосно затворени апартмани во прва класа, приватни бизнис студија и седишта во смарт економска класа со специјални потпирачи за раце.


Текстот е прочитан 2300 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter