Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.04.2016, 13:44

Авиони

ИСТРАЖУВАЊЕ НА НОВИНАРОТ РИЧАРД КВЕСТ

10 лекции за летање со нискотарифни компании

(Си-Ен-Ен) - Минатиот месец новинарот на Си-Ен-Ен Ричард Квест го имаше до сега најголемиот предизвик на "Бизнис травелер".

Тој леташе осум дена низ светот, посети девет држави и ги користеше услугите на десет нискотарифни авиокомпании.
Цената: 2.345 долари.
Сега можете да го погледнте првиот дел од неговата одисеја со нискотарифни авиокомпании на "Си-Ен-Ен интернешанал" и на веб страницата на "Си-Ен-Ен".
Ние го прашавме кои се најважните 10 лекции што ги научил од ова искуство.
Еве што одговори тој:

1. Индустријата се менува и ние мораме да бидеме во тек.
Денешните нискотарифни авиокомпании се многу поразлчни во однос на 20 или 30 години претходно.
Видите ја големината и просекот на "Рајанер" што оваа година ќе пренесе 100 милиони патници.
Таа е најголемата авиокомпанија во Европа, поголема е и од "Луфтханза" или "АИГ".
Линиите и големината на овие авиокомпании: Тие се големи!
Не сакав да дознаам само како овие компании станале толку големи или како имаат толку многу бази, јас сакав да дознаам и како ќе растат.
Каде ќе продолжат да растат?
И какви нови производи ќе понудат?

2. "Нискотарифно" се однесува на авиокомпанијата, не на патниците.
Терминот "нискотарифно" се однесува на трошоците на авиокомпанијата, а не дека трошоците на патниците се пониски.
Има одредени работи што ваквите компании, како "Бритиш ервејс" или "Вирџин Атлантик" ги прават за да ги намалат трошоците.
Користат ист тип на авиони.
Одат од една до друга дестинација, не прават поврзувачки летови и наплаќаат за сè, од хартиена кесичка до шолја кафе за време на лет.
Исто така имаат краток период за одново ангажирање на авионот, од 20 минути до половина час.
Авионот се враќа назад со истиот екипаж.
Речиси никогаш не го оставаат екипажот да преноќи некаде.
Меѓутоа сепак се обидуваат да експериментираат.
Знаат дека не можат да прават многу отстапки од моделот бидејќи на тој начин ризикуваат да ја поткопаат основата за ниските тарифи, но сите се обидуваат да откријат нови начини за да заштедат.

3. Пакетите со услуги се голем бизнис
Авиокомпаниите наоѓаат нови можности да ги зголемат приходите без да ја уништат основата за ниски тарифи.
На пример, на патниците во бизнис класа им нудат флексибилни пакети по екстра цени: хартиената кеса ја нудат по пониска цена во пакет со билетот во споредба со цената што би ја платиле одделно во авион.

4. Патниците во бизнис класа исто така користат нискотарифни летови
Мрежите на нискотарифни летови се огромни.
На пример во Европа ако сакате да посетите одредени дестинации, овие авиокомпании се единствените што ги користат овие услуги.
На пример, "Бритиш ервејс" има база на "Хитроу", "Вирџин" има три во Велика Британија, а "Рајанер" има 76 бази низ Европа и северна Африка.
"Изиџет" има десетици бази низ Европа каде ги паркира авионите преку ноќ.
Поминаа деновите кога нискотарифните авиокомпании беа резервирани за туристички патници.



5. Некои авиокомпании се држат построго до оригиналниот модел во споредба со други
"Рајанер", "Ер Азија" и "Ер Арабија" се држат многу строго до оригиналниот модел.
Квест смета дека ваквите компании се држат до моделот, но се свесни дека ќе мора да направат одредени помали измени.
Некои додаваат услуги во бизнис класа, а други ги подобруваат услугите за нијанса.
"Џет блу", на пример, сфати дека мора да постави рамни кревети на прекуокеанските летови, па ја направи таа отстапка.

6. "Џет блу" нуди најмногу
Од вкупно 10 авиокомпании што Квест ги опфати во истражувањето, "Џет блу" нуди најмногу услуги.
Од бесплатни грицки и безалкохолни пијалоци, до бесплатен безжичен Интернет и телевизија.
Меѓутоа, токму поради овие додатоци некои критичари повеќе не ја сметаат авиокомпанијата за нискотарифна.

7. "Норвижан" е новиот голем играч
"Норвижан" долго време немаше прекуокеански летови и затоа брзо напредуваше во Европа.
Меѓутоа авиокомпанијата излезе од рамките на удобноста и почна да го користи "787 дримлајнер" за прекуокеански летови и сега има шест дестинации до САД од Велика Британија.
Планира да отвори база и во Париз, па ќе биде интересно да се следи развојот на оваа авиокомпанија во иднина.

8. Ако авиокомпанијата нуди пакет услуги, купете го
Во случај да треба да се чека поврзувачки лет преку ноќ, погодно е да се има однапред резервирана хотелска соба.
Некои авиокомпании вклучуваат вакви услуги, што е многу корисно.
Исто така, ако имате прилика купете го пакетот со дополнително седиште или барем купете го средното.

9. Зауздајте го снобот во себе
Ако летате со нискотарифна компанија, размислувајте нискотарифно.
Имајте на ум какви услуги ви се нудат и однесувајте се соодветно на тоа.
Нема да ви дадат шампањ ако не си го порачате и платите.
Квест смета дека откако ќе го надминете снобизмот ќе ги согледате предностите на патувањето со нискотарифни компании.

10. Сè се може ако се сака
Дали е тешко да се патува низ светот со нискотарифни авиокомпании?
Квест вели апсолутно да и додава дека на момненти било брутално тешко.
Наспроти тоа, тој сепак смета дека ако се сака, сè се може.
Сè додека сте свесни дека ќе го добиете само она за кое сте платиле и се помирите со тоа, се ќе биде во ред.
Исто така, треба многу добро да планирате.
Не е лесно, но изводливо е.


Текстот е прочитан 1884 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter