Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.06.2016, 13:59

СПЕКТАКУЛАРНИ СВАДБИ СЕ ХИТ ВО МЕДИУМИТЕ И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Висока мода од милион евра

САД (Телеграф) - Ерменскиот милијардер Саргис Карапетјан неодамна се венча со 25-годишната Саломе Кинтсурашвили, а тоа беше една од најекстравагантните венчавки што некогаш биле забележани на Инстаграм.

Ова беше свадба без никакви ограничувања на буџетот, а од фотографиите може да се забележат бескрајните цветни ѕидови, тортата на девет ката висока од подот до таванот и настапот на "Марун 5".

Со оглед на износот што двојката очигледно го платила за совршено уредениот простор, не е изненадување тоа што невестата носеше три прекрасни фустани, наместо само една венчаница како просечните невести. Таа носеше традиционален ерменски невестински фустан и фустан од тантела со голи рамена на Алесандра Рич, но најспектакуларна беше венчаницата од висока мода на Ели Сааб. Фустанот со долги ракави е украсен со илјадници рачно зашиени кристали, а беше искомбиниран со подеднакво прекрасна дијадема на "Тифани", што Кери Малиган ја носеше во "Големиот Гетсби".

"За ваков фустан се потреби илјадници часови", рече Џејмс Лорд, основач и извршен директори на "Квинтесеншал ателје" за рачната изработка на ваквите венчаници. Тоа се работи рачно, не се користи машна. Ако има илјадници кристали, за секој од нив би биле потребни по неколку минути."

Високата мода на Ели Сааб е редовен избор на богатите, како што е случајот со 20-годишната Хадија Ужахова која носеше прекрасна креација од оваа модна куќа на свадбата од 1 милијарда евра со рускиот олигарх Саид Гуцериев.

Со здолниште и заден дел долг четири метри, изработени од деликатна тантела украсена со шари од свилени цветови, бисери, јасни кристали и токи, тоа беше венчаница со свој став.

"Би рекол дека за овој фустан се потребни од 2.000 до 3.000 часови работа и околу 50 луѓе", вели Лорд за работата на фустанот.

Што се однесува на цената за венчаница како оваа, тој открива: "Најскапиот фустан за кој сум слушнал е фустан на 'Валентино' вреден еден милион евра што го носела една руска невеста. Венчаниците на Вивен Вествуд, Ели Сааб и на Сузи Тарнер просечно вредат околу 200 илјади евра, во зависност од стилот и материјалите."

Додека светот на високата мода за венчаници се држи во тајност бидејќи модните куќи ја почитуваат приватноста на клиентите, резултатите можат да се видат два пати годишно кога на ревиите за висока мода во Париз традиционално има по една креација на венчаница.

Британските дизајнери на висока мода "Ралф и Русо" ја затворија ревијата во 2016 година со една од најспектакуларните венчаници во историјата на високата мода: фустан со толку долг заден дел што биле потребни шест вработени во ателјето за да го исправат на крајот од модната писта.

Фустанот има вкупно 826 метри тул и 46 метри органза со милиони ситни монисти, кристали, бисери, деликатно изработени цветови од органза и тридимензионални венечни ливчиња и листови рачно извезени на фустанот.

"Само за везот на овој фустан беа потребни повеќе од 50 дизајнери на висока мода и 6.000 часови", открива дизајнерот Мајкл Русо. Ние ги советуваме клиентите колку што е можно побрзо да ни ги кажат своите барања и да има период од најмалку шест месеци за да може да се создаде креацијата."

Ако изгледа како премногу работа за фустан што некој ќе го носи помалку од 24 часа, треба да запаметиме дека традиционалната бела венчаница е убава традиција.

Се верува дека кралицата Викторија го започнала овој тренд кога носела фустан од бела тантела на венчавката со принцот Алберт во 1840 година, што претставувало голема промена од дотогашната традиција кога девојките на својата венчавка го носеле најубавиот фустан што го имале.

Ингрид Суард, главната уредничка на списанието "Маџести" која има присуствувано на голем број свадби е задоволна што невестите $ се враќаат на традицијата кога станува збор за големиот ден.

"Кога зборуваме за свадба во високото општество, паметно е да биде многу шик и суптилно, да биде дискретно.

Ако имате значајна позиција, можете приемот да го организирате во вашиот дом. Не закупувајте замок.

"Порано фокусот повеќе беше насочен кон самата симболика на стапувањето во брак. Сега се чини дека невестите се концентрираат на тоа да бидат наметливи.

Не можете да бидете поголеми од свадбата на Чарлс и Дијана, фокусот тогаш беше насочен кон самиот чин, не кон помпезноста и околностите на свадбата.

Ако исто како и јас не се сеќавате на нешто друго од свадбите на Џеки О. или на принцезата Грејс освен на фустаните, тоа е затоа што едноставно тие не беа толку јавни и грандиозни како денес."

Буџетите за венчаниците од висока мода денес се навистина големи. За една богаташка се зборува дека го понудила буџетот од 1 милион фунти за венчаница на нејзината омилена модна куќа и имала состанок лично со дизајнерот.

Кога тој ја одбил понудата, таа се обратила на друго место.

Европските и холивудските познати личности најчесто го избираат италијанскиот дизајнер Валентино кога им требаат впечатливи фустани, бидејќи тој има креирано венчаници и за Ники Хилтон и принцезата Меделин од Шведска, а кинеските и руските ѕвезди почесто ги избираат "Диор" и Ели Сааб.


Текстот е прочитан 4168 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter