Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.12.2016, 13:52

ПОЗНАТИОТ МУЗИЧАР УТРЕ ГОСТУВА ВО ДОМ НА АРМ

Филхармонијата со светскиот џез-трубач Гојковиќ

Легендарниот џез-трубач и творец на изразот балкански џез Душко Гојковиќ, утревечер ќе настапи со Македонската филхармонија, во 20 часот во Дом на АРМ.

Со концертот на еден од најславните џез-трубачи во светот, насловен "Душко Гојковиќ квартет" ќе диригира Борјан Цанев.
Квартетот е во состав Ренато Кико на пијано, Мартин Ѓаконовски - Шпато на контрабас и Владимир Костадиновиќ на тапани.
Настапот е македонска промоција на албумот"Душко Гојковиќ со гудачи", на кој Гојковиќ соработува со извонредните музичари кои ќе свират вечерва со него.
"Извонредниот музички уметник роден во Јајце, најпрвин студирал на Музичката академија во Белград, а потоа и на универзитетот Беркли во Бостон (САД). Во текот на долгогодишната кариера создал препознатлив израз, кој се одликува со прецизност, брилијантна техника и со топол звук. На некој начин, ликот и делото на Душко Гојковиќ се огледало на голем период од историјата на џез-музиката", велат од Филхармонијата.
Соработувал со имиња како Дизи Гилеспи, Гери Малиган, Стен Гец, Сони Ролинс, Ли Кониц, Чет Бејкер, Џони Грифин, издавајќи многу албуми и учествувајќи на многубројни изданија на врвни уметници.



Првата плоча во Германија ја снимил во 1956 година, кога настапувал на прочуениот Џез-фестивал во Франкфурт. Истата година почнал да настапува во џез-клубот "Студио 15", кога се случила и првата средба со легендарниот Мајлс Дејвис. Додека Гојковиќ свирел соло-труба, на вратата се појавил Дејвис и се качил на бината, заедно со Перси Хит, неговиот басист. Гојковиќ, по тој повод рекол: "Бев пресреќен, сакав да седнам и да слушам, но тој ме повика да свирам со него. Ниту денес не можам да ја опишам возбудата".
Неговиот личен репертоар е инспириран од фолклорот - мелосот и ритамот на балканското поднебје, а токму тоа придонело за неговата популарност во светот.
Во 2014 година ја доби наградата за животно дело"Ехо џез" во Хамбург, а една година подоцна доделена му е музичка награда за животно дело на градот Минхен каде што и живее.
(Н.П.)


Текстот е прочитан 412 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter