Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:38

ПО ПОВОД 8 МАРТ, ЖЕНСКА ЖУРКА НА ФОЛК-ПЕЈАЧИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Татјана, Маријана и Новица во трио

Двете фолк-пејачки Татјана Лазаревска и Маријана Новачевска, заедно со пејачот Новица Василевски, викендов во македонскиот ресторан "Шелдон" во Мелбурн, Австралија, направиле луда женска журка, по повод Денот на жената, 8 Март.

Татјана и Новица биле задолжени за забава на гостите, но ним им се приклучила и Маријана, бидејќи била на прослава. Се ределе песни од репертоарот на сите пејачи, но и дуети. Гостите во ресторанот биле презадоволни од прославата.
"Ваква забава одамна немаме видено. Не седеше никој, сите се забавуваа, заедно сосе нас, вработените", вели Лидија Нешковски, сопственик на ресторанот.
Маријана веќе долго време е надвор од естрадните збиднувања, но овој пат не останала имуна и се фатила за микрофонот.
"Сè е благодарение на Тања и Новица. Им се восхитувам на енергијата, човечноста, насмевката и на способноста што ја поседуваат. Тие се со големо срце. Навистина им благодарам за прекрасните моменти поминати заедно. Искрено, Господ да ги благослови", вели Маријана.
Татјана и Новица, исто така, се презадоволни од журката, за која велат дека ќе се памети, секако, и од веселоста на Маријана и честа, по толку години, да запеат заедно.
"Маријана е прекрасна и штета што не се занимава активно со музика. Таа има препознатлив и прекрасен глас, кој е вистинско уживање да се слуша. Во Македонија ја немавме можноста да се дружиме и да пееме заедно, но ете, Австралија нè спои и уживаме во заедничкото дружење", велат Тања и Новица.


Текстот е прочитан 5953 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter