Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.09.2016, 07:51

АВИОНИ

КОМПАНИЈА НУДИ ВОДЕЊЕ ЉУБОВ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ

Легален секс во облаци

САД (News.com.au) - Со оваа авиокомпанија нема потреба да се прикрадувате до тоалетот доколку сакате да играте сексуални игри.

Не мора да се криете додека го допирате партнерот под ќебето, ниту пак да внимавате да не ги исплашите патниците или да не ги вознемирите членовите на екипажот.
Не, авиокомпанијата "Фламинго ер" ги поттикнува патниците да имаат секс за време на летовите.
Сместена во прилично конзервативниот град Синсинати во Охајо, "Фламинго ер" ја нуди единствената услуга што е специјално направена за оние кои сакаат да се приклучат на организацијата "Мајл хај клаб".
"Фламинго ер" има пет авиони и еден приватен авион специјално резервиран за "специјалните летови".

Цената за едночасовен лет изнесува 475 долари, а двојките можат слободно да имаат секс.
"Нашите патници никогаш не слетуваат во целосно исправена состојба", рече Дејвид Мекдоналд, претседател на авиокомпанијата.
За време на овие летови нема членови на екипажот, а пилотот носи слушалки за да се зачува приватноста на двојките, иако пилотите понекогаш добиваат удари во главата од нечив екстремитет или пак од плутата од отворен шампањ.
Иако овде ја нема возбудата од прикрадување во тоалетот, авиокомпанијата "Фламинго ер" е насочена кон удобноста и обезбедува завеси за приватност, кревет со перници и ќебе.
"Навистина е убаво", вели Мекдоналд.
"Го отстрануваме целиот централен дел со седишта и ставаме големи меки перници. Патниците добиваат шампањ, чоколатца и многу дискретен пилот. Тоа нешто навистина интересно што можете да го правите со некој посебен."
Мекдоналд вели дека "Фламинго ер" е единствената авиокомпанија што ја нуди оваа услуга.
Тој вели дека услугата е популарна кај полнолетните лица на сите возрасти и најчесто луѓето ги резервираат овие летови за посебни прилики како родендени и свршувачки или за Денот на вљубените.
"Фламинго ер" има организирано и неколку венчавки за време на летот.
"Најчесто жените се оние кои ги резервираат летовите", велат од компанијата.
Она што се случува во авионот, останува таму.
Мекдоналд апсолутно не сакаше да одговори на прашањето дали може да сподели некои сочни тајни од ваквите летови.
"Ние сме многу дискретни", одговои тој.
Мекдоналд е пилот кој ја смислил идејата за специјални летови на "Фламинго ер" пред 20 години додека со своите колеги се шегувале за "Мајл хај клаб".
"Можам да заработам од тоа", им рекол тој на колегите и така се родил новиот бизнис.
"Неколку авиокомпании од 'Мајл хај клаб' оттогаш се обидоа со ова, но не успеаја бидејќи сите се обидуваа да продаваат секс, а не возбуда", изјави Мекдоналд за списанието "Бизнис инсајдер".
"Треба да размислувате за романтиката, не за сексот."
Мекдоналд сега се соочува со конкуренција од авиокомпанијата "Лав клауд" од Лас Вегас што привлекува корисници и од Европа, Кина, па дури и Австралија.
Но, фокусот на "Фалминго ер" на романтиката, а не на еротската фантазија е најверојатно она што ја одржува оваа услуга во конзервативниот Синсинати.
Мекдоналд вели дека всушност голем дел од нивните патници имаат високи морални вредности.
"Се појавуваат и вие мислите дека дошле од Клубот на млади републиканци", вели тој.
"Фламинго ер" организира околу три романтични летови неделно, а тоа е само еден дел од бизнисот на Мекдоналд кој исто така има и училиште за летање и обуки за професионлано ракување со дронови.


Текстот е прочитан 2713 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter