Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.05.2016, 19:23

Гламур

ПО АДЕЛ, НИЛ ЈАНГ И "АЕРОСМИТ"

"Ролинг стоунс" побара од Доналд Трамп да престане да пушта нивни песни за време на кампањата

САД (АП) - Групата "Ролинг стоунс" побара од републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп да престане да пушта нивни песни за време на неговата кампања.

Членовите на рок-бендот завчера соопштија дека не дале дозвола нивните песни да бидат пуштани за време на кампањата на Трамп и побарале веднаш да престанат да го прават тоа. Портпаролката на кампањата на Трамп немаше коментар веднаш и не соопшти дали имаат дозвола да ги пуштаат песните.
Трамп, кој е голем обожавател на музиката, со месеци ги пушта песните на "Ролинг стоунс" за време на настапите што се дел од неговата кампања заедно со песните на Елтон Џон, оперската музика и класичните рок-песни.
Песната "Не можеш да добиеш сe што сакаш" од 1969 година беше навистина популарна на неговите настани. Адел и Стивен Тајлер од групата "Аеросмит" исто така побараа од кандидатот да престане да ги пушта нивните песни за да ги забавува присутните. Нил Јанг исто така се побуни кога Трамп ја искористи песната "Рокенрол во слободниот свет" на почетокот на неговата кампања минатата година.
Политичките кампањи не мораат да имаат дозвола од музичарите за да ги користат нивните песни за време на кампањите, сe додека имаат бланко дозвола од организациите за заштита на авторските права. Од ваквите организации велат дека во договорите стои оти текстописците и издавачите имаат право да се спротивстават на користењето на нивните песни и можат да ги повлечат песните од таквиот бланко договор.


Текстот е прочитан 1583 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter