Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2016, 13:23

Авиони

АЕРОДРОМ ВО ЛИСТАТА НА НАЈСТРАШНИ МЕСТА ВО СВЕТОТ

Морничав рај за теоретичарите на заговори

Кога станува збор за морничави места на нашата планета, обично помислуваме на стари напуштени дворци и фабрики или некоја катастрофа, како што беше случајот со Чернобил во Украина.

Но, на оваа листа има место и за еден аеродром.
Откако е отворен во 90-тите години на минатиот век, меѓународниот аеродром во Денвер е во центарот на неверојатните теории на заговор, пишува британскиот дневен весник "Сан".
Голем број патници уште од воздух забележале дека формата на аеродромот потсетува на свастика, а во внатрешниот простор и во околината на аеродромот има бизарни мурали и статуа што ја нарекуваат "убиствениот коњ".



Коњ фатален за уметникот

Застрашувачката статуа на див коњ во сина боја ја направил уметникот Луис Хименез од Ел Пасо, а тоа уметничко дело го чинело живот.
Дел од "коњот" паднал врз уметникот во 2006 година и му ја пресекол артеријата на ногата поради што тој го изгубил животот.
Уште поголем интерес привлекува колекцијата од бизарни мурали на уметникот Лео Тангуме, но во меѓувреме ја отстраниле колекцијата.
На еден од муралите бил насликан огромен војник кој премногу потсетувал на припадник на елитната нацистичка воена единица од Втората светска војна, а во раката носел сабја и пушка.
Уметникот тврдел дека имињата на муралите како "Во мир и слога со природата" или "Децата во светот сонуваат за мир" всушност ја покажуваат победата на мирот над војната.
Но, на многумина тоа им наликувало како прикажување на "новиот светски поредок".


Која е вистинската цел на аеродромот?

Покрај интересните уметнички дела, овде се и наводните масонски симболи, како што е огромниот камен во големата хала на аеродромот.
До одредена мерка можеби и не е толку чудно за некои да ја истражуваат вистинската цел на аеродромот.
Според една од теориите на заговор, всушност станува збор за огромна воена база или дури иден концентрационен логор каде ќе бидат сместени заробените Американци.
Некои дури сметаат дека под површината на комплексот има и подземна структура што можеби е поврзана со слични воени бункери ширум државата.

Една неверојатно параноична веб-страница тврди:
- Овој аеродром има капацитет за голем број луѓе и возила поради што луѓето можат да помислат дека се работи за воена база, па дури и концентрационен логор - се вели во текстот на веб-страницата, при што го игнорираат фактот дека замислете, аеродромот мора да има голем капацитет за луѓе и возила.
Човекот кој е заслужен за уметничката колекција на аеродромот Мет Часански, пред неколку години изјавил дека аеродромот практично се поврзува со секоја теорија на заговор што постои.
- Најчести се теориите за тоа дека постои подземен град што е дел од поширока мрежа што ја гради владата или некоја светска влада во сенка.
Не треба да се исклучи и теоријата за вонземјани, масони и така натаму.
Не може да помине ниту една тура за посетителите на аеродромот, а најмалку еден од нив да не ми постави прашање во врска со овие теории, вели Часански.
- И сè логично да им објасните на луѓето дека ниту една од тие теории нема многу смисла, тие сепак ќе речат дека сте програмирани да кажувате така или дека имате некаков чип во главата - додава Часански.


Текстот е прочитан 1592 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter