Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2014, 11:49

Миленици

Стафилококни инфекции на кожата кај кучињата

Стафилококите се најчестите микроорганизми кои се наоѓаат при бактериски инфекции на кожата.

Во раната фаза се забележува јадеж по телото и жолтеникави акни. Како што напредува процесот, се забележуваат суви лушпести делови, на кои паѓаат влакната, и непријатен мирис. Вакви подрачја можат да се појават секаде на кожата, но најизразени се на трупот. Брадата, исто така, е дел кој почесто е афектиран. Оваа состојба на брадата претставува длабока бактериска инфекција. Дебелите кучиња и расите како мопс, англиски булдог, пекинезер и др. често се подложни на гнојни инфекции на кожата на подрачјата на брчките од лицето и усните. Други делови каде што може да се јави оваа инфекција се местата меѓу прстите и здебелените места на лактите. Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата, изгледот и локацијата на промените.



Во некои случаи е неопходна детерминација на бактеријата и спроведување тестови за чувствителност на бактериите кон определени антибиотици. Многу често бактериските инфекции се секундарно заболување кај кучињата и се резултат на паразитарни, алергиски и хормонални нарушувања или, пак, абнормалности на имунолош киот систем. Во случај на обновување на болеста, неопходно е да се направат тестови на крвта, алергиски тестови и биопсија на кожата за да се комплетира дијагнозата. Иницијалниот третман бара локално третирање на раните, капење на кучето со антибиотски шампони и орална употреба на антибиотици во траење од три до четири недели. Понекогаш преврската на раните и употребата на викторијанска јака се неопходни за заштита на кучето од самоповредување. Во некои случаи кога и повторените тестови не го откриваат основниот причинител, се употребуваат специјални стафилококни вакцини како алтернатива за долготрајно антибиотско лекување.


Текстот е прочитан 3684 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter