Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2016, 14:07

ОТВОРЕНА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА СО АРТЕФАКТИ ОД ЛОКАЛИТЕТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Археолошко патување низ историјата

Монетата на македонскиот крал Александар Први (498- 454 пред н.е.), најдена на локалитетот Маркова кула во селото Корешница, Демир Капија, е најстара монета која е дел 10-тата годишна археолошка изложба "Декада на активирање на археолошките ресурси на Република Македонија", која се отвори прексиноќа во Археолошкиот музеј на Македонија.

Директорката на Музејот Весела Честоева истакна дека во 37 витрини се изложени 1.300 артефакти од 20 локалитети во Македонија.
Во 1.300 наоди се вбројуваат двата штита на македонскиот крал Деметриј од третиот век пр.н.е., преку 500 вредни монети на македонските кралеви, рановизантиски алатки, средновековен накит, репрезентативни садови од керамика и златниот вековен прстен декориран со претстава на владетелски модел.
"Изложените монети ни даваат слика на минатото, претставувајќи го античкото македонско кралство преку римскиот период, па сè до времето на палеолозите во средниот век", рече Честоева.
Меѓу артефактите има значајни монети од македонските владетели Филип Втори, Александар Трети, Касандар, Антигон Гонат, Филип Петти, Персеј.



Изложени се и монети од раноцарскиот период и доцноримскиот период, монети од императорот Јустинијан од 6 век и монети од доцновизатанискиот период.
"Изложбата е резултат на нашите силни заложби да го истражиме, заштитиме и достојно да го презентираме македонското непроценливо културно наследство. Десет години посветена работа на преку 40 археолошки локалитети, на повеќе од 20 000 стручни лица, професори и археолози, 10 години посветена работа, со единствена цел - да го документираме развојот на повеќемилениумската цивилизација на овие простори, да оставиме вредно сведоштво за идните генерации", рече министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.
Изложбата ја организира Управата за заштита на културното наследство, која во изминатите десет години ги координира капиталните проекти во археологијата на Македонија, со поддршка на Владата.

(Б.Н.)
Фото: О.Теофиловски


Текстот е прочитан 2023 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter