Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2014, 12:40

Миленици

Најчести бактериски инфекции кај аквариумските риби

Бактериите се присутни насекаде како во земјата така и во водата. Оние што не се патогени во аквариумот претставуваат биолошки филтер.

Тие се разложуваат на амонијак и нитрати и на тој начин се отстрануваат од водата. Патогените бактерии можат да им наштетат на аквариумските риби кога се под кој било стрес, повредени или ако патат од некои други болести. Овие бактерии ја користат предноста на веќе компромитираниот имун систем на аквариумската рипка, се размножуваат и предизвикуваат разни заболувања. Начинот за да се справиме со болестите предизвикани од нив е раната детекција. Секако, превенцијата со внимателно внесување на нови риби, храна и вода го исклучуваат стресот и го одржуваат здравјето на рибите во аквариумот. Гнилеж на перка е заболување кое започнува со црвени ленти на перките и абнормално просветлување на работ на перката. Во понатамошната фаза се јавува гниење на мембраните на перките и нивните рабови. Ова може да доведе до целосно гниење на перките и да се прошири по телото и да доведе до смрт.



Причинители се псеудомони и аеромони бактерии. Овие бактерии можат да се најдат во аквариумската вода, но не предизвикуваат проблеми кај здрави единки. Третманот вклучува капење во солени раствори и топикални третмани со генцијана виолет. Неопходна е комплетна дезинфекција на опремата и приборот. Туберкулозата кај рибите се манифестира со губење апетит, бледи обојувања на телото со чиреви по него. Причинител е микобактериум туберкулозис. Со оглед на потенцијална опасност како извор на зараза кај луѓето не се спроведуваат медицински третмани. Гниење на устаАкутната форма се јавува како ненадејна смрт која се дијагностицира постмортално. Хроничната форма започува со мала бела до сива промена на главата, перките и жабрите. Кај напредна форма од устата се шири на внатрешните органи. Во подоцнежните фази наликува на габични инфекции. Третман со антибиотици.


Текстот е прочитан 2249 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter