Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 10:18

Влатко Илиевски се враќа во "Морал"

Рок-пејачот и актер Влатко Илиевски, по неколкугодишна пауза, повторно е активен како вокал и како фронтмен на својата група "Морал", и заеднички најавуваат нов албум.

Последниот албум на "Морал", "Кога патувам", излезе во декември 2003 година и од него останаа хитовите како насловната тема, "Панично те сакам", "Мора да е кошмар"...
"Оттогаш имаше многу шпекулации дека сум го напуштил бендот и дека ќе $ се посветам само на соло-кариерата. Но, еве, сега е време да се огласам и да кажам дека јас никогаш не сум го напуштил 'Морал' и дека само направивме пауза од медиумите. Во меѓувреме, додека не бевме јавно активни, го снимивме новиот албум", ни изјави Влатко.
Албумот се вика "Кофеин блуз", а бендот е во ист состав веќе 15 години. Влатко Илиевски е вокал, Славчо Стојановски - бас и автор на сите песни, Ивица Јорданов свири гитара, а Сашо Ангелов тапани. Како гости на албумот се појавуваат Игор Џамбазов, Тамара Тодевска и Слаткаристика.
Влатко најави дека следниот месец ја очекуваат промоцијата на долгонајавуваниот албум на, како што вели тој, една од последните големи македонски рок-групи. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1552 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter