Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 13:49

РАЗНОВИДНА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Од Пол ван Дајк до Цеца

Заедничките концерти се тренд за поп-ѕвездите од соседството. Оваа зима, во Скопје ќе се одржат два такви концерта.

Првиот е на 12 февруари, во салата "Борис Трајковски", на црногорскиот поп-пејач Владо Георгиев и на неговиот хрватски колега Тони Цетински.
Вториот е на 4 март, во истата сала. Во Скопје, за прв пат заеднички концерт ќе одржат и легендата на далматинската музика, Оливер Драгоевиќ, и неговиот помлад колега и пријател, Џибони, кој е од Сплит, исто како него.
Менаџерите и менаџерските куќи најавија повеќе концерти во Скопје овие зима и пролет.
Активната музичка концертна сезона во Скопје започнува на 3 февруари, со настап на германскиот суперстар диџеј Пол ван Дајк, на 3 февруари, во салата "Борис Трајковски".
Меѓу повеќето поп-концерти се и два фолк. Едниот е на српскиот фолк-пејач Мирослав Илиќ, кој на 11 март ќе одржи концерт во Скопје. Концертот е дел од славеничката турнеја, 45 години на сцената. Другиот е на 25 март, во Скопје, кога ќе пее српската фолк-ѕвезда Цеца, која ќе одржи концерт во салата "Борис Трајковски", како промоција на новиот албум.



На агендата следниот месец е и манифестацијата "Златна бубамара на популарноста" , која слави 20-годишен јубилеј. "Бубамара", чиј заштитен знак се хуморот и најголемите музички ѕвезди од Македонија и од регионот, ќе се одржи на 20 февруари, во "Метрополис арената".
Единствени од домашната естрада кои најавија концерт оваа пролет се Панчо и Андреј од аренби дуото ДНК, кој ќе се одржи на 12 мај, во "Метрополис арената". На концертот, ДНК ќе го промовира актуелниот албум "Уште ден ден", како и старите хитови омилени на публиката, со кои речиси секој викенд ги полни клубовите низ Македонија. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1072 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter