Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 13:47

АВИОНИ

Секој осми пилот пати од депресија

САД - Се проценува дека ширум светот со патничките авиони управуваат околу 140 илјади пилоти, а ако се земе во предвид најновото истражување, 12,6 проценти од нив патат од депресија, што значи дека со авионите управуваат околу илјада пилоти кои што може да се каже дека имаат психички проблеми.

До оваа бројка дошле група на истражувачи кои што резултатите од своето истражување ги објавиле во магазинот Енвајронментал хелт.
Истражувањето го спровеле откако минатата година во март, копилотот на Џерман вингс изврши самоубиство на летот 9525, срушувајќи го авионот Ербас А320-211, при што загинаа 144 патници и петмина членови на екипажот. Истражувачите испратиле 3845 прашалници до исто толку пилоти, а прашањата биле за нивната психичка состојба.
Прашалникот целосно го одговориле нешто повеќе од половина од пилотите. Истражувањето покажало дека од клиничка депресија патат 12,6 проценти од нив, а суицидални мисли во последните две седмици пред решавањето на прашалникот имале 4 проценти од пилотите.



Се покажало дека склони на депресија пред се се пилотите кои што биле изложени на вербално или сексуално злоставување, а било заклучено дека испитаните во главно ги кријат своите проблеми затоа што се плашат дека, доколку нивните работодавачи дознаат за нив, ќе добијат отказ, наместо да ја добијат потребната помош.
Истражувањето сепак не се обидело да го пронајде одговорот на тоа, дали тегобите на депресивните пилоти се последица на многу стресната и одговорна работа која што ја вршат и за тоа колку време поминуваат работејќи, додека сопствениците на авиокомпаниите настојуваат што повеќе да заштедат и паралелно со тоа ја интензивираат работата кај своите вработени.
Покрај тоа, нагласено е дека основната намена била да се види дали причините за депресијта која што ширум светот ги мачи стотици милиони луѓе, се пресликува и кај пилотите. Се покажало дека и пилотите се соочуваат со сериозни проблеми


Текстот е прочитан 1012 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter