Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:13

ДВОДНЕВЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ НА ЕСРА

Театарџии од светот за хамлетовската дилема

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија - Скопје, организатор е на интернационалниот симпозиум насловен "Хамлет и Европа - да се биде или не!", кој ќе започне денес во 12 часот, на ЕСРА.

Дводневниот симпозиумот свечено ќе започне со настапот на претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон. Свое обраќање ќе има и директорот на Националниот театар од Букурешт, познатиот романски режисер и актер Јон Карамитру, како и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, на тема "Хамлет и Македонија - да се биде или не!"
Гостите ќе ги поздрави и професорот Мето Јовановски, кој го играше Хамлет во Драмски театар, во 1977 година, а ќе се претстават и сите македонски Хамлети, почнувајќи од Ацо Стефановски, преку Сефедин Нуредини, па сè до Дејан Лилиќ, преку фотопроекција на професорот Роберт Јанкулоски, илустрирана со сонгот на Горан Трајковски "Хамлет на светот убавина".



Утре, македонските Хамлети ќе одржат работилница на која ќе биде претставена и магистерската теза на Валентино Светозарев, "Шекспир засекогаш".
Специјални гости на настанот ќе бидат балканските автори Градимир Гојер, Владислав Бајац, Алек Попов, Башким Шеху, Анастасис Вистонитис и Александар Прокопиев, кои под претседателство на Јон Карамитру ќе ја одражат конститутивната седница на новата Балканска академија со седиште во Букурешт, нова институција на балканските духовни мостови во европските интеграции. (М.За.)


Текстот е прочитан 879 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter