Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.10.2016, 15:01

5 аеродроми во светот кои нудат бесплатни тури додека си го чекате летот

Долгите чекања на аеродром за да пристигнете до вашата конечна дестинација се здодевни и заморни, но неколку модерни аеродроми нудат забава за патниците повеќе од само седење на кафе и шетање по продавници...




Овие 5 неверојатни аеродроми нудат бесплатни тури низ градот каде чекате:


1. Аеродормот „Changi“ во Сингапур



Чекање: од 6 до 24 часа.

Што треба да направите? Морате да се регистрирате еден час пред да почне турата. Детални информации можете да најдете тука.

Што можете да видите?
Хотелот „Marina Bay Sands“



Овој уникатен хотел изгледа како огромен брод - комплекс кој се состои од 3 облакодери.


Футуристичките градини

Магично дело на британски архитекти кое дефинитивно ќе ве остави без зборови.


Театарот „Esplanade“

Уште една модерна градба во Сингапур која вреди да се посети.



2. Аеродромот „Incheon“ во Сеул



Чекање: од 3 до 24 часа

Што треба да направите? Можете да се регистрирате онлајн, а сите дополнителни информации можете да ги прочитате тука.

Што можете да видите?
Палатата „Gyeongbokgung“



Ова била најголемата палата за времето на династијата Чосон.

Будистичкиот храм „Haedong Yonggungsa“



Овој храм се наоѓа на работ од карпа и нуди прекрасен поглед кон океанот.


3. Аеродромот „Ataturk“ во Истанбул



Чекање: од 6 до 24 часа

Што треба да направите? Морате да се пријавите за турата најмалку половина час пред почетокот на истата. Место за пријава можете да најдете на мапата.

Што можете да видите?
Султан Ахмедова џамија



Симболот на градот - прекрасната сина џамија.


Кула Галата

Ова е еден од најстарите монументи во Истанбул.



Долмабахче

Прекрасна луксузна палата во стил на барок.



4. Интернационалниот аеродром во Доха, Катар



Чекање: од 5 часа па нагоре

Што треба да направите? Морате однапред да се пријавите и да дојдете 2 часа пред почетокот на турата, бидејќи на истата има само 22 слободни места.

Што можете да видите?
Музејот на исламска уметност



Овој музеј има уникатна колекција на исламска уметност.


Бисерот на Катар

Луксузен комплекс кој е изграден на вештачки остров и дефинитивно вреди да се погледне одблиску.




Културното село на Катар

Тука можете да најдете театри, галерии, кино сали...



5. Интернационалниот аеродром во Солт Лејк Сити, САД



Чекање: од 2 часа па нагоре

Што треба да направите? Не морате однапред да се пријавите, но истите треба да имате на ум дека почнуваат во различни временски периоди од 9 до 19 часот. За подетални информации, тука.

Што можете да видите?
„Temple Square“



Величествена палата изградена од Мормоните.


Текстот е прочитан 3837 пати.
#
Земјоделците, ловџиите и багеристите на чело на денешниот марш против „Тиранската платформа“ (Фото-галерија)
Илиевски: Горди маршираме за Македонија (Фото-галерија)
"За заедничка Македонија“: Не смеете да си играте со народот! (Фото-галерија)
Моден викенд Скопје - Втора вечер (Фотогалерија)
Априлијада (Фотогалерија)
ФОТО: Моторџиите пристигнаа – застануваат на чело на денешниот марш во одбрана на унитарноста на Македонија
Голем народен собир: Не ја даваме Македонија (Фотогалерија)
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
Протест во организација на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија"
Трет ден протести: Кој сака мултиетничка Македонија да ни се приклучи (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter