Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.01.2017, 09:47

„Вест“ со Бранко Грков, македонски каскадер во една од најпопуларните германски сериии "Аларм за Кобра

Дваесет и шестгодишниот штипјанец Бранко Грков ги фасцинира светската и македонската филмска кинематографија и јавност со неговите каскадерски улоги во германската серија "Аларм за Кобра", една од најгледаните во последната деценија во Европа. Според зборовите на Грков, тој како каскадер, всушност, ја има најтешката улога, потешка и од главните ролји или од која било споредна улога, затоа што сите сцени во серијата, како што, тврди не се компјутерски обработувани туку се изведени во живо и целосно се вистинити.

"Веќе 4 години живеам во Келн, град на медиумите каде што е мошне развиена филмската индустрија. Во овој град е и седиштето на фирмата'Екшн концепт', која ја продуцира серијата 'Аларм за Кобра'", вели младиот Грков. Раскажува дека сè започнало кога пред 3 години, на улиците на Келн почнала да се снима серијата. Тогаш добил покана од неговата девојка, која работела како костимограф, и кога ги гледал акционите сцени кај него се родила желбата за каскадерството.
"Фасциниран од сцените со коли, судири, со експлозии и слично, аплицирав во фирмата и добив можност за 6 месеци да се докажам, за да ја добијам на крајот работата", вели Грков, кој нагласува дека фирмата ви која работи е најеминентна во Европа за акциони сцени и за специјални ефекти.
Младиот каскадер, со својата става и актерски афинитети, има предиспозиции да добие и главна улога. Во неговата фирма, во која е ангажиран во 20 епизоди, има добиено повеќе од 12 улоги . Сега - засега, како што вели, работи како дублер, а најмногу му годеле акционите сцени, судири со коли кои експлодираат и се превртуваат во воздух.Тој е дипломиран компјутерски дизајнер, но желбата и посветеноста кон филмската уметност се негова преокупација, па тој вели дека работи посветено и се надева на вистинска поголема улога.

"Оваа година започнав да работам на еден голем проект за филмот 'Надвор од контрола', кој е снимен во Берлин и е наменет за кинескиот пазар. Филмот се состои од 90 проценти акција, и во тој филм имав чест да ги направам поголем дел од акциите. Можам да ја издвојам сцената во која јас, возејќи 'хамер' со 100 км на час. се судрив со џип 'порше', кој беше на автопатот, и останав жив", вели Бранко. Лани работел со главниот лик во мошне гледаниот филм Тсхиллер: офф Дути, кој се снимаше во Берлин, Истанбул и во Москва , потоа на филмот Халбе Брудер и на кинокомедијата Антонио им њондерланд.
"'Аларм за Кобра 11' го снимавме во околината на Келн, но има мотиви и од Брисел, Берлин, Тирана, од островот Руген, но се надевам дека еден ден ќе дојдеме и во Македонија каде што има прекрасни места за какви било филмови", вели Грков, кој нагласува дека 'Кобра' се прикажува во 120 земји во светот и е најуспешна серија во Германија во последните 15-20 години. Истакнува дека му е голема чест што е дел од оваа серија.
Бранко Грков е среќен со неговата работа и, како што вели, со големо задоволство ја извршува, оти е динамична, со доста адреналин и секогаш има нови и нови предизвици. Задоволен е и од месечните примања, вели дека има паушална плата и плус една плата, во зависност од сцените кои ги снима. Најавува дека договорил и следната година да работи за 'Кобра' и за некои други кинопроекти, заради кои божикните празници ќе мора да ги помине во Германија, наместо во Штип каде што живее неговото семејство.

Текст и фото: Тодор Јовановски


Текстот е прочитан 4121 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter