Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.03.2017, 12:58

ПРАЗНИЧЕН КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА СО СОЛИСТКА ОД АВСТРАЛИЈА

Ејми Диксон на саксофон за 8 Март

Австралиската саксофонистка Ејми Диксон, која два пати била номинирана за Греми, на 9 март ќе свири со Македонската филхармонија во Домот на АРМ.

Диксон ќе биде солист на концертот "Алхемија", а ќе диригира Кејс Скалионе од САД.
Првата саксофонистка и прва Австралијка што ја добила наградата "Класик брит", во Скопје за прв пат ќе го изведе концертот за амплифицирана обоа и оркестар од современиот австралиски композитор Греам Коне - "Забава за време на лет".
"Мегапопуларната Ејми Диксон се фокусира на современата музика и на филмската музика, и во нејзиниот репертоар се наоѓаат дела на врвните современи композитори, како Филип Глас, Мајкл Најман, Мајкл Кејмен, Џон Вилијамс.
Концертот 'Алхемија' ќе донесе музика со филмска магија, а се одржува во чест на празникот на жената, 8 Март", најавуваат од МФ.
Филхармонијата премиерно ќе го изведе делото "Четири парафрази за симфониски оркестар" од младата македонска композиторка Теа Богатинова, како и Симфонијата бр. 6, наречена "Пасторална", од Лудвиг ван Бетовен.


Текстот е прочитан 763 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter