Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.12.2016, 13:42

ДОБИТНИЧКАТА НА НАГРАДАТА "ЖЕНА ХРАБРОСТ" СЕ ПЛАШИ ДА СЕ ВРАТИ ДОМА

Првата авганистанска жена-пилот побара азил во САД

САД - Првата жена-пилот во Авганистан, предизвикала лути реакции кај припадниците на воздушните сили, бидејќи по завршените 18 месеци обука во САД, побарала азил во таа земја, објави новинаската сгенција Ројтерс.

Според агенцијата, авганистанското Министерство за одбрана потврдило дека 25-годишниата Нилуфар Рамани побарала азил откако "Волстрит журнал" ги цитирал нејзините зборови дека "стравува дека нејзиниот живот е загрозен ако се врати дома".
Рамани, која е добитничка и на наградата "Жена храброст", која ја доделува американската влада, станала симбол на напорите да се унапреди положбата на жените во Авганистан, повеќе од една деценија откако паднал талибанскиот режим.
Во изјавата по повод доделувањето на наградата, таа кажала дека таа и нејзиното семејство се изложени на директни закани од талибанците, но и од роднините, кои го принудувале нејзиното семејство да ја напушти куќата неколку пати.



Портпаролот на Министерството, Мухамед Радманиш, рекол дека владата се надева дека нејзиното барање ќе биде одбиени и потсетил дека владата на Авганистан потрошила милијарди во настојувањето да ги засили безбедносните сили.
"Кога службеник се жали дека не е безбеден и се плаши, што треба да прават обичните луѓе. Таа пронашла оправдување за себе, но имаме стотици образовани жени и активистки кои работат во земјата и не се жалат за безбедноста", рекол тој.
Рамани дипломирала на училиште за пилоти во 2012. година, и се квалификувала да лета на Ц-208 карго авиони.
Таа во САД посетувала тренинг за специјализирана обука и требаше да се врати дома на 24. декември.


Текстот е прочитан 1064 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter