Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.06.2016, 14:57

Техно мода

ФХ3Х со модели за Independence Day Resurgence

Аниматорите од ФХ3Х во соработка со Uncharted Territory учествуваа во креирање на моделите на транспортните средства на второтo продолжение на филмот Independence Day насловено како Resurgence, чија премиера ќе се одржи утревечер во Скопје.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х и извршен продуцент на проектот, изјави дека на овој проект работеле во периодот од декември 2015 до март 2016 година.
- Се работеа модели на куќи, танкер и авион. На проектот работеа 13 артисти од одделот за анимација. Ако филмот Independence Day во 1996 година освои Оскар за визуелни ефекти, со нетрпение чекам да го изгледам она што следи. Нема да згрешам ако кажам дека во нашата индустрија ваквите ситуации кога треба да се надмине врвот се најинтересните за следење. И не мислам дека само за нашата индустрија е интересно. Првиот дел беше филм со најголема заработувачка во 1996 година и во тој момент втор во целиот свет. Сега на пример е на 51-вото место, и интересно е колкава е мотивацијата за целиот тим кој работеше на вториот дел, изјави Даниловски.



Дваесет години по настаните откако Земјата се соочи со напад на вонземјани и по борбата со супериорна технологија го онеспособи нападот, меѓународната заедница се вратила во нормала. Обединетите Нации го создаваат Earth Space Defence (ЕСД), оддел за Планетарна Вселенска Одбрана, програма за обединета глобална одбрана која служи да ја заштити планетата Земја. Тоа е систем за навремено дтетктирање и предупредување чија главна сила е во користењето на технологијата која останала од вонземјаните и кој има воени единици распоредени на Месечината, Марс и Реа, додека поранешната Област 51 е пренаменета во централа на вселенската одбрана.
Вонземјаните успеале да испратат сигнал за помош на нивните одделечени дивизии пред финалниот пораз, но откриваме дека дел од нив се кријат низ светот. По примениот сигнал за помош, вонземјаните испраќаат моќна флота, загрозувајќи го уште еднаш опстојувањето на луѓето.
Филмот премиерно ќе биде прикажан утревечер во киното Синеплекс во 20 часот.


Текстот е прочитан 1187 пати.
#
E-matematika.mk за полесно совладување на математички вештини
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter