Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:34

СПОРЕД ИЗБОРОТ НА ФИФА

Роналдо е најдобар фудбалер во 2016

Ѕвездата на Реал Мадрид и на португалската репрезентација Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2016 година од страна на ФИФА.

Тој ја доби наградата на церемонија во Цирих, притоа освојувајќи најмногу гласови од селекторите, капитените на репрезентациите, медиумите и од фановите. Напаѓачот на Реал доби 34,54 проценти гласови, второпласираниот Лионел Меси имаше 26,42, додека трет беше Антоан Гризман со 7,53 проценти.
Асот на Реал Мадрид на доделувањето дојде со неговиот син Кристијано јуниор, мајката Долорес Авеиро, сестрите Катја и Телмо и за прв пат со девојката Џорџина Родригез.
- Сакам да им се заблагодарам на националниот тим, Реал Мадрид, мојот тренер, мојата фамилија, која дојде овде, мојот син, на моите браќа. 2016 година беше најдобрата во мојата кариера. Мислам дека и трофејот го покажува тоа. После сето тоа што го освоив и направив, немав сомнеж дека можам да дојдам до оваа награда, Оваа година беше неверојатна за мене и на лично и на спортско ниво. Никогаш нема да ја заборавам оваа прекрасна година. Ви благодарам што гласавте за мене - изјави Роналдо по добивањето на новиот трофеј "Д'Бест".
За тренер на годината е прогласен Клаудио Раниери, додека селекторот на Германија Сивлија Неид ја доби наградата за најдобар тренер во женска конкуренција.



Фер-плеј наградата одите кај колумбиски Атлетико Насионал, кој по авионската несреќа на фудбалерите на Шапекоенсе се откажа од пехарот на Копа Судамерикана во корист на бразилската екипа. Трофејот "Ференц Пушкаш", што по традиција се доделува за најубавиот гол, му припадна на Малезиецот Мохд Фаиз Субри, а посебна награда за фантастична кариера му беше врачена на Радамел Фалкао.
Во идеалниот тим на годината, што ФИФА го изготви во соработка со Здружението на професионалци, влегоа: Нојер, Дани Алвеш, Пике, Серхио Рамос, Марсело, Модриќ, Крос, Иниеста, Суарес, Кристијано Роналдо и Меси.
Најдобрите навивачи за 2016 година, признание што се доделува првпат, ги имаат Ливерпул и Борусија Дортмунд.
Интересно е што Барселона немаше ниту еден претставник на прогласувањето на најдобрите во Цирих. Управата на клубот донесе одлука за забрана на присуство на своите играчи на свеченоста, за што испрати известување до ФИФА. Со бојкотот, тие му се реваншираа на Реал Мадрид за 2011 година, кога иста одлука се однесуваше за Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, иако беа меѓу номинираните.
- Жалам што фудбалерите на Барселона вечерва не се овде, но ги разбирам - кусо прокоментира Роналдо по добивањето на наградата.

И Пандев и Ангеловски гласаа за Роналдо

Во гласањето на ФИФА за најдобар фудбалер и тренер за 2016 година гласаа и македонскиот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев. Тие имаа идентично гласање за Роналдо, па за Меси на второто и Гризман на третото место.
Во изборот за тренер на годината, Пандев гласаше за Зидан, пред Раниери и Симеоне, а Ангеловски, максимален број на гласови му дал на Раниери, а потоа гласал за Зидан и Симеоне.





Текстот е прочитан 307 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter