Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 13:53

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ СЕЛЕКТОР И ТРЕНЕР ЗА 2016 ГОДИНА

Симеоне не освои титула, но е подобар тренер од Зидан и Раниери

Фернандо Сантош е најдобар селектор, а Диего Симеоне најдобар тренер за 2016 година, во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика.

Сантош очекувано го освои ова признание, откако ја предводеше Португалија до првата европска титула, што се случи летоска на турнирот во Франција. Тој освои 199 бодови, додека на второто место со 128 заврши Швеѓанецот Ларс Лагербек, селекторот на најпријатното изненадување на ЕП, Исланд, со кој стигна до четврт-финалето.
На клупски план, Диего Симеоне победи во жестока конкуренција со Зинедин Зидан и со Клаудио Раниери, кои оваа година ги остварија највпечатливите резултати во фудбалска Европа.
Симеоне повторно изгуби со Атлетико во финалето на Лигата на шампионите, но тоа не пречеше да триумфира во изборот пред европскиот првак Зидан и Раниери, тренерот на сензационалниот шампион на Англија, Лестер.


Текстот е прочитан 448 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter