Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 22:38

Староста на черепите од пештерата во Кичево ќе ја утврдуваат експерти од Италија

Дел од коските кои лани во септември беа најдени во пештерата наречена Череп во Кичево, ќе бидат испратени на испитувања во Италија каде што експерти ќе треба да ја утврдат староста на најдениот материјал. Гостиварското јавно обвинителство остварило соработка со експерти од Италија, кои понудиле бесплатна правна помош, и со наредба издадена од јавен обвинител издвоениот материјал ќе биде доставен на Универзитетот во Урбино, Република Италија.

Од Обвинителството велат дека откако стручните лица од Италија ќе ги завршат сите анализи, остатоците ќе бидат вратени во Република Македонија. За испитувањата за староста на коските најдени во пештерата во Кичево, од Институтот за судска медицина во Скопје го известиле Обвинителството дека немаат таква опрема.

Досегашните анализи направени на Институтот за судска медицина во Скопје утврдиле дека дел од коските се од човечко потекло и врз нив биле извршени дополнителни анализи, со кои се утврдиле полот, возраста и дали на нив имало повреди, вели доктор Алексаднар Станков, директор на Институтот. "По наредба на Јавното обвинителство Гостивар, во изминативе неколку месеци десетина пати мултидисциплинарниот тим изврши увид во пештерата наречена Череп и од таму подигна коскен материјал, кој беше донесен на Институтот за судска медицина во Скопје. За добивање прецизен податок колку се стари коските, неопходно е современа и скапа апаратура, која ја поседуваат лаборатории кои се наоѓаат во најразвиените држави во светот. Од наша страна му беше одговорено на Обвинителството дека нашиот институт не поседува таква опрема, а не ни е познато дали таква опрема постои во Република Македонија. Поради ова, Обвинителството се реши на чекор да испрати дел од коскениот материјал во Универзитетот во Урбино во Италија", изјави доктор Станков. Тој појаснува дека изборот на лабораторијата на Универзитетот во Урбино не е избор на Институтот туку целокупната постапка била организирана од Министерството за правда и од Гостиварското јавно обвинителство. Во досегашните испитувања кои беа направени во Република Македонија учествуваа тим специјалисти по Судска медицина од Институтот во Скопје, лица од Клиничката болница во Тетово, археолози од Националниот конзерваторски центар и физички антрополог од Археолошкиот музеј во Скопје. Коските беа откриени на 3 септември минатата година во атарот на селото Бачишта, Кичевско, на местото викано Бачишки Ливади, покрај Бачишка Река, во пештера. (К.Д.)


Текстот е прочитан 725 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter