Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.01.2017, 13:12

АНТОНИА ГИГОВСКА И ДЕНИС ДИМОСКИ, ПОБЕДНИЦИТЕ НА "КАСТИНГ ТАЛЕНТ ШОУ"

Од детски фестивали до мјузикл за Тоше

Антониа Гиговска и Денис Димовски ќе ги имаат главните улоги во мјузиклот "Тајно моја", посветен на Тоше Проески, кој ќе се одржи на 10 март, во МОБ во Скопје.

Двајцата млади пејачи минатата недела победија на музичкиот натпревар "Кастинг талент шоу", кој го организираше Македонската опера и балет. Ова не е прво пејачко искуство за Антониа и за Денис.
Антониа (16) лани беше дел од финалистите на регионалното талент шоу "Пинк ѕвездички" во Белград. Од жирито добиваше коментари дека според вокалот ја вбројуваат во рангот на големите светски пејачи. На крајот од натпреварот, го освои седмото место.Таа е е ученичка во гимназијата "Јосип Броз-Тито", во прва година.
"Во слободно време играм одбојка, а на часови по пеење одам кај Ана Костова, и многу сум $ благодарна за помошта во усовршувањето на пеењето", ни изјави Антониа.
Таа започна со пеење во 2012 година, во детскиот хор на МТВ, а првиот јавен настап го имаше во 2013 година, на манифестацијата "Оскар за најдобрите", во организација на МРТ. Нејзината детска соба е полна со статуетки од фестивалските награди: два пати лауреат на фестивалот "Езерски бисери" во Струга, гран-при на фестивалот "Распеани снегулки" во Мркоњиќ Град, Босна и Херцеговина, истата награда на фестивалот "Ѕвездички" во Прилеп, гран-при во Москва, на фестивалот "Откритие Европа" и на уште неколку интернационални фестивали.



 На "Макфест" лани, таа го освои третото место со песната "За нас" од Кире Костов, и повторно освои гран-при на "Езерски бисери" во Струга.
Настапи и на гала-концертот на меѓународниот фестивал "Рига симфони" во Летонија.
Јавноста го знае прилепчанецот Денис (23) од многу мал, кога во 2005 година ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг во Хаселт, Белгија.
"Ми се оствари сонот со победата на 'Кастинг талент шоу', од мал мечтаев да пеам на голема сцена", изјави Денис.
Прв пат, на шестгодишна возраст, настапи на локалниот фестивал "Сребрен ѕвон" во Прилеп, со песничката "Мајсторче". Три години подоцна, со победата на интернационалниот фестивал "Ѕвездички", доби можност за повеќе интернационални фестивали, меѓу кои и познатиот "Славјански базар" во Белорусија, каде што ги освои второто место и наградата за најдобра интерпретација. Може да се пофали и со фестивалско гран-при во Украина и со настапи на хуманитарни концерти во Словенија, Израел, Москва.
"Мојата најголема поддршка се родителите и моите блиски пријатели", вели Денис, кој дипломираше на Музичката академија во Скопје, во класата на професор Игор Дурловски. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1488 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter