Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.01.2016, 12:27

АВИОНИ

ШТО ЗНАЧАТ ЧУДНИТЕ ЗВУЦИ ВО АВИОНИТЕ

Капетане, куче лае во моторот!

За време на секој лет има патници кои ги забиваат ноктите во држачите на седиштата, а најчесто звуците што ги произведува авионот е она што предизвикува страв кај нив.

Но, експертите велат дека најголем дел од звуците, всушност, воопшто не се причина за загриженост.
Звуците што звучат како да лаат кучиња или како да брмчат бебиња се всушност звуци кои значат дека авионот работи нормално, според капетанот Стив Олрајт од авиокомпанијата "Бритиш ервејс" и инженерите Марк Леви и Мајк Лири.
Тие дадоа одговори за тоа што е и што не е доволно добра причина за загриженост кога патувате со патнички авион.
На оваа тема зборува и пилотот Патрик Смит во неговата книга "Доверливо од кабината".

Кога бебе брмчи

Тапото брмчење е единицата за помошна сила од задниот дел на авионот, рече Мајк.
Додека се качувате во авионот, тоа е вклучено за да работи авионот додека се исклучени главните мотори, а најголем дел од аеродромите ги поврзуваат авионите со единиците на земја за да заштедат гориво и пари.
Кога се затвора вратата, звукот нормално станува погласен кога пилотот го префрла системот на аеродромот на системот во авионот, додаде тој.
Мајк рече: "Кога ја затвораат вратата, ќе слушнете промена и воздухот и светлото ќе затреперат. Потоа тие ги стартуваат моторите и ќе слушнете завивање, а потоа и палење на моторот, а тоа е бучењето".

Рикверц звук

Во тој момент, авионот вообичаено е поврзан со возилото за влечење, но некои авиони го вклучуваат празнењето за самите да го вратат авионот во рикверц и затоа звукот е погласен, исто како и кога враќате автомобил во рикверц.
Моторите ќе станат погласни поради ова, а потоа се стишуваат.

Звучи како да има куче под кабината

Тоа е всушност единицата за пренос на силата, тоа проверува дали хидрауличниот притисок е избалансиран кога пилотот користи само еден мотор, вели Лири.
Тој вели: "Сите сакаат да заштедат гориво и ова е нивна одлука. Прави поголема бука кога прави вклучи-исклучи поради варирањето на притисокот".
Стив Олрајт од "Бритиш ервејс" вели: "без двоумење, најнеобичниот звук е оној како да лае куче за време на кратките летови на "Ербас".
"Може навистина да биде многу гласно и фреквенцијата да се намалува и да се зголемува во зависност од тоа што се случува со хидрауликата на авионот".



"Ова ќе го слушнете ако седите некаде меѓу 10 и 20 ред за време на преносот додека работи единицата за хидрауличниот систем за пренос на моќта, особено доколку пилотите користат само еден мотор".
Во својата книга, Патрик Смит пишува: "Понекогаш тоа е завивање со висока фреквенција, понекогаш тоа звучи како 'вуф, вуф, вуф', како да лае прилично налутено куче".

Промена во тонот на моторот

Еден од звуците што најмногу ги вознемируваат плашливите патници е наглата промена во тонот на моторот, особено наскоро по полетувањето, вели пилотот Стив Олбрајт.
Ова е звукот што се појавува кога пилотот ја намалува стапката на качување (но, авионот сè уште забрзува) откако ќе се соберат тркалата и веќе не е потребна дополнителната сила од полетувањето.
Во комбинација со слабостите во системот за баланс кај луѓето, ова создава чувство на тонење кај луѓето.


Ѕвонење за време на летот

Капетанот Олбрајт вели: "Звукот што најчесто го слушате за време на летот е едноличното или двојното ѕвонење, познато како "динг донг".
Ова може да ги вознемири плашливите патници додека си замислуваат секакви црни сценарија, додека звукот всушност доаѓа од внатрешниот телефонски систем или металните делови од појасите на седиштата.
Секој авион има внатрешен телефонски систем со телефони поставени на секоја врата за да можат да комуницираат членовите на екипажот меѓу себе.


Пукање и удирање

Најголем дел од луѓето претпоставуваат дека сè во авионот е зашрафено.
Но, некои делови всушност се направени за да можат да се движат и можат да создаваат загрижувачки звуци.
Најголем дел од предметите во авионите, како корпите и преградите меѓу секторите со седишта се поврзани со шипки, објаснува Леви.
Тоалетите и кујните се поставени на патеки на подот за да може авионот да се движи без проблеми.
Тој додаде: "Тоа значи дека кога авионот ќе се заниша или ќе подрипне, или кога трупот ќе се прошири, сите работи што се внатре ќе се приспособат на ова, а понекогаш и ќе се удрат во другите предмети.
Така што, кога авионот слетува и малку подрипнува, немојте да се изненадите кога ќе слушнете звуци на пукање или удирање, тоа значи дека сè се движи како што треба да биде.

Кога ербасите завиваат

Смит објаснува дека повторно нема причина да бидете загрижени.
"Уште еден звук што е карактеристичен за моделите на 'Ербас' е острото долго завивање што се слуша на вратата пред полетување и по слетувањето.
Тоа е електронската хидраулична пумпа со која се отвора и затвора вратата", рече тој.


Текстот е прочитан 2858 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter