Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.11.2015, 10:04

АВИОНИ

КИНА ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРВ ГОЛЕМ ПАТНИЧКИ АВИОН Ц919

Комунистички противник за Боинг и Ербас

КИНА (Фокс њуз) - Државна компанија за производство на авиони, завчера го претстави првиот авион произведен по кинеска иницијатива кој ќе конкурира на пазарот за големи патнички авиони.

Кина е еден од најголемите авијациски пазари, но се потпира на авионите на "Ербас" и "Боинг".
Мултимилијардерскиот потфат да се произведе домашниот авион "ц919" има цел да врати дел од комерцијалните придобивки кои досега се излеваа кај странските набавувачи.
Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина (КОМАК) го покажа првиот од авионите со два мотора, на свеченост на која присуствуваа околу 4.000 владини претставници и други гости во хангар во близина на меѓународниот аеродром "Пудонг" во Шангај.
"Ова е голем подвиг на земјата која сака да биде позната како еден од клучните играчи во производството на авиони", рече Мавис То, уредник на рубриката за авиотранспорт на списанието "Флајтглобал" за Азија.
Авионот "ц919" е една од неколкуте иницијативи на владејачката Комунистичка партија за трансформирање на Кина од една од најевтините фабрики во светот во креатор на профитабилна технологија за авијацијата, еколошките извори на енергија и други области.
Авионот има капацитет за 168 патници, и ќе конкурира на пазарот за авиони со еден мотор, на кој доминираат "А320" на "Ербас" и "737" на "Боинг".
Производителот КОМАК вели дека има добиено нарачки од 21 клиент за вкупно 517 авиони, главно од кинески авиопревозници, но и од ирско-американската компанија "Џи-И капитал авиејшан сервисес".



Друга државна компанија, исто така, произведе помал регионален модел "АРЈ-21", кој ќе конкурира на пазарот на кој доминираат бразилскиот "ембраер" и канадскиот "бомбардиер".
Првите два авиона "АРЈ-21" беа испорачани лани на една кинеска авиокомпанија.
Поголемиот дел од критичните системи на "ц919", како моторите и електричните системи, се производ на компании од Западот и заеднички погони на кинески и странски компании.
"Боинг" предвидува дека вкупната побарувачка во Кина за цивилни авиони во следните две децении ќе изнесува 5.580 авиони, во вкупна вредност од 780 милијарди долари.
Најголемите кинески авиокомпании во Кина се во сопственост на државата, што значи дека Комунистичката партија го има главниот збор во изборот на потенцијални муштерии што би дале нарачки за авионот "ц919".
"Кина нуди фантастичен пазар, врвен инженерски талент и разумно ниски цени. Сосема има смисла што се обидува да развие своја индустрија за производство на авиони", рече Ричард Абулафија, потпретседател за анализи на "Тил груп", консултантска компанија за авиоиндустријата.
Меѓутоа, авионот "ц919" наиде на препреки поради барањата да користи компоненти произведени во Кина, за разлика од конкуренцијата која купува делови од странство, вели тој.
Тоа значи дека западните набавувачи мора да ја дадат својата технологија за да учествуваат во производството на авионот, рече Абулафија и додаде:
"Тоа, исто така, значи дека овој авион го прават луѓе на кои им се врзани рацете".
Плановите за производство на "ц919" почнаа во 2008 година.
Во нив се предвидуваше првиот лет да се изведе во 2014 година и да почне да се користи во 2016 година, но овие цели беа поместени поради одложувања во процесот на производство.
Сега првиот лет на "ц919" е закажан за следната година, а авионот ќе влезе во употреба некаде во 2019 година.
Една од клучните компоненти, главниот систем за процесирање и прикажување на податоци, ја набавуваат од заедничката компанија на "Џи-И капитал авиејшан сервисес" и АВИК, набавувач на кинеската војска, кој е во државна сопственост.
Меѓу другите набавувачи се "Ханивел", "Роквел Колинс" и "Хамилтон Санстренд".


Текстот е прочитан 2188 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter