Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 12:52

Последни подготовки за зимскиот турнир, за дружење и натпреварување

Стартуваат подготовките во нашите регионални единици за зимскиот турнир „Еден живот една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар, што треба да се одржи овој викенд.

Момчињата од Илинден Вардар по божиќните празници, денеска се враќаат на тренинзи. Имаат цел да постигнат колку што можат подобар резултат на турнирот, но и да се дружат со над 1200 деца кои ќе се натпреваруваат.



Со момчињата од Илинден Вардар се сретнавме на последното коло од минатата година во Вардар Јуниор лигата. Илинден Вардар се натпреварува во две старосни категории во лигата, 2004/2005 и 2002/2003, но во тимовите имаат и момчиња од школата на Андријана Будимир. Иако од две школи, момчињата задно играат за успех на еден тим зашто сакаат да се пласираат колку што може повисоко на табелата.
Андреј, Стефан, Петар, Иван, Марко и Владимир на зимскиот турнир ќе играат за клубовите каде тренираат.

Андреј Петрушевски е роден 2004 година, а ракомет тренира 6 години. Вели дека ракометот го одбрал како спорт поради другарка која живее во неговата улица – Ива Цветковска, а која е дел од нашиот младинскиот состав.



    „Ива Цветковска стана дел од Вардар и мене тоа ми се виде интересно. Во овие клубови гледам можност за напредок во ракометот. Од тие причини се вклучив и во лигата. Има дружба, особено со деца од други градови, и многу натпревари преку кои учиме подобро да играме и можеме да покажеме што сме научиле. Ова ми е прва година во лигата и научив како изгледа да се натпреваруваш. Имаме многу поддршка од нашите тренери Александра и Дарко Јанев. Задоволен сум од с?", вели Андреј.

Стефан Јовевски има 11 години, а ракомет тренира две години. Кога не се натпреварува, Стефан навива за Марко Јовевски, неговиот братучед кој е дел од тимот 2002/2003.



    „Ракометот го засакав додека гледав другите како играат, но особено ми е мило што сум дел од лигата. Се запознавам со многу деца на кои ракометот им е страст, имам можности да успеам со тимот и да освоиме подобро место, а особено ми се допадна кога бевме да играме надвор од Скопје. Интересно е да се патува, и каде и да отидеме со сите деца се чуствуваме како да сме дел од една голам фамилија. На паркетот се натпреваруваме, но и се дружиме. Веќе се подготвувам за зимскиот турнир и не знам каде ќе ми биде поинтересно – на турнирот или во лигата зашто и на двете се натпреваруваме за победа и подобра позиција на табелата. Ако направам споредба со пријателски натпревар, тие се повеќе за дружба, како тренинг пред лига или турнир, каде сме мотивирани да играме повеќе ", вели Стефан.

Неговото другарче Петар Колевски има 12 години и веќе 6 години тренира ракомет. Петар игра на позицијата лев бек.



    „Се подготвувам за зимскиот турнир, но размислувам и за натреварите од лигата кои потоа следат. Она што мене најмногу ми се допадна годинава во лигата е што може да се патува во други градови. Бевме во Кичево и Кавадарци, и иако во Скопје условите во салите се подобри, и таму си поминавме одлично. Се дружевме, имавме квалитетни натпревари, одлично не пречекаа. Всушност во лигата ми се допадна токму тоа што има многу квалитетни противнички тимови и можеме да изиграме многу натпревари. Најголем предизвик ни е екипата на Бисинов Вардар, сакаме да им се реваншираме. А на натпревари ме мотивираат тренерите, другарите од тимот и публиката", вели Петар, чиј идол е Наумче Мојсоски.

Нивните постари другарчиња велат дека многу од ракометните правила ги совладуваат за време на натпреварите зашто и судиите им помагаат да научат кога грешат. Иван Зарковски игра на позицијата лев бек.



    „Ова ми е втора година во лигата. Уште лани ми беше многу интересно, игравме многу натпревари, запознав многу деца и одлучив и годинава да се вклучам. Лани најмногу впечаток ми остави натпреварот со Бисинов Вардар, игравме за пласман на Ф4, но направивме мал кикс и останавме на трето место. Годинава најголем предизвик ми се Преспа Вардар, зашто имаат многу добри, квалитетни играчи. Имаат многу добри лев бек и лево крило, и на натпреварот со нив тешко ни беше да ги спречиме во напад и затоа ни се и најголем предизвик. Се спремаме и за зимскиот турнир и се надевам дека годинава ќе бидеме подобри и ќе освоиме најмалку 3 место. Она што мене најмногу ме мотивира е мојот тренер, кога ќе ни каже 'ајде момчиња можете' ", вели Иван, чија помала сестра исто така тренира во РК Илинден но во лигата се натпреварува за тимот Андријана Будимир Вардар 2002/2003.

Марко Јовевски, постариот братучед на Стефан, игра на позицијата пикер, а годинава за првпат игра во Вардар Јуниор лигата.



    „Ракомет тренирам 5 години, но откако почнав да играм редовни натпревари има напредок во мојата игра. Лигата ги оствари сите мои очекувања, имаме многу натпревари, имаме квалитетни противници, задоволни сме и колку учиме за време на натпревар, учиме и од судиите кои ни укажуваат на грешките, но и ни покажуваат како е правилно. Имам и нови другари. Со тренерите имаме убави тренинзи. Со Стефан пак, навиваме еден за друг кога играме во лигата и се дружиме", вели Марко.

Владимир Серафимовски е од школата на Андријана Будимир, а на позицијата среден бек се натпреварува за екипата Илинден Вардар. Вели дека ракометот го избрал зашто е најпопуларниот спорт во Македонија.



    „Тренирам 5 години, а ова ми е прва година во лигата, која е одлично место за напредување и развој на вештините. Тука можеме да покажеме колку сме научиле на тренинзите и со труд и посветеност може да ја подобрам мојата играта. Лани учествувам на зимскиот трунир, но за мене лигата е поинтересна бидејќи се играат повеќе натпревари во текот на целата година. Имаме професионални судии што многу ни помага да ги учиме и општите правила на ракометот. Во однос на мојот тим, не се познаваме пред лигата, а заедно требаше да играме. Мислам дека тоа влијаеше на првите мечови, но досега се воигравме и не ми прави разлика од чија школа е детето до мене, битно е дека играме за истиот тим. Во тимот од мојата школа се околу 7-8 деца, но досега се здруживме и со момчињата од Илинден, како на теренот така и надвор од него", вели Владимир.

Момчињата од Илинден Вардар и од Будимир Вардар ќе може да ги видиме на турнирот што почнува во сабота на 14 јануари.


Текстот е прочитан 212 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter